CITY BREAK (авионски програми)
БУДИМПЕШТА - 329(евра) 18.09.2026 - 21.09.2026
Будимпешта - главниот град на Унгарија, лежи на двете страни на Дунав – историскиот Будим и динамичната Пешта. Градот плени со својата раскошна архитектура, живописни мостови и богата култура. Позната е по своите термални бањи, како Сечени и Гелерт, како и по величествени знаменитости: Парламентот, Кралската палата и Рибарската тврдина. Вечерните прошетки покрај Дунав откриваат романтични погледи, а локалната кујна нуди вкусови кои се паметат.
Будимпешта често ја нарекуваат „Париз на Истокот” поради романтичната атмосфера, раскошните згради и светлата одразени во Дунав. Градот нуди одличен баланс меѓу историја, култура, релаксација и модерен урбан живот.
18.09.2026 - 21.09.2026
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет. Директен лет од Скопје со авиокомпанијата Wizz Air во 11:55 ч. Пристигнување во Budapest во 13:20 ч. По пристигнувањето следува организиран трансфер и панорамски разглед на градот: Széchenyi Chain Bridge – најпознатиот синџирест мост, Elisabeth Bridge, споменикот на St. Gellért, Margaret Bridge, Gellért Hill – со еден од најубавите панорамски погледи на градот, како и Matthias Church. Факултативно: влез во Matthias Church.Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана посета на најпознатите атракции во Будимпешта – катедралата Св. Стефан, замокот Vajdahunyad, плоштадот на хероите, Цитаделата, Рибарската тврдина, Будимскиот замок (Кралската Палата). Изборно – Влез во катедралата, во Рибарската тврдина, замокот Vajdahunyad, Будимскиот замок. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на Сентендре и Вишеград. Изборно – влез во катедралата. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно време за шопинг. Трансфер до аеродром. Директен лет Будимпешта – Скопје. Поаѓање од Будимпешта со авиокомпанијата WIZZ AIR во 13:55ч. Пристигнување во Скопје во 15:20ч.
- Вклучено
- Авионска карта на релација Скопје – Будимпешта - Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40 x 30 x 20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Будимпешта
- Не е вклучено
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
- Напомена
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување..
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
