• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA MARIA PASHALIDOU (17)

Вилата Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и со петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека...  

-10% попуст за целосна уплата до 31. јануари 2023

- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман без вклучен превоз

Вила „Maria Pashalidou” - Нea Рода 

Термин:

Ноќевања:

1/3 апартман 

1/5 дуплекс апартман 

24.05-29.05.2023

5

200 (12.400) 

250 (15.500) 

29.05-05.06.2023

7

300 (18.600) 

400 (24.800) 

05.06-15.06.2023

10

400 (24.800) 

500 € (31.000) 

15.06-25.06.2023

10

450 (27.900)

600 € (37.200)

25.06-05.07.2023

10

500 (31.000)

700 (43.400)

05.07-15.07.2023

10

550 (34.100)

750 (46.500)

15.07-25.07.2023

10

600 (37.200)

800 (49.600)

25.07-04.08.2023

10

600 (37.200)

800 (49.600)

04.08-14.08.2023

10

600 (37.200)

800 (49.600)

14.08-24.08.2023

10

600 (37.200)

800 (49.600)

24.08-31.08.2023

7

400 (24.800)

500 (31.000)

31.08-07.09.2023

7

350 (21.700)

450 (27.900)

07.09-14.09.2023

7

300 € (18.600)

400 (24.800)

14.09-21.09.2023

7

250 (15.500)

350 (21.700)

Апартман бр.3 (прв спрат)

Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три  единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.5 (прв спрат)

Апартман бр.6 (прв спрат)

Петкреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби и целосно издвоена кујна. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот е поставен клима уредот чие користење е вклучено во цената. Во првата просторија се наоѓа  кујната која е опремена со мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Втората просторија е спална соба во која има еден дупли кревет со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од спалната соба се излегува на долга тераса опремена со пластични маси и столчиња која има страничен поглед кон морето. Во третата просторија има уште една спална соба со три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од собата се излегува на истата тераса од првата спална соба која е заштитена со тенда. Купатилото е со нормална големина, опремено е со када.

Апартман бр.2 (втор спрат)

Трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на вториот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.5 (втор спрат)

Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три  единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

НАПОМЕНИ:

- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –45 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-35 евра…Цена за билет во еден правец 30 евра; деца од 2-12 години- 25 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата.

Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.