ПЛАТАМОНА (Неа Пантелеимон)
VILA ILIOS 9 noki bez prevoz (9)
ЛЕТО 2026
Платамона лето 2026: Платамона, едно од најубавите туристички места во јужна Пиерија, се наоѓа долж брегот на Егејското Море и блиску до величествената планина Олимп. Популарна летна дестинација за туристите од регионот со децении, Платамона нуди совршено место за релаксација и уживање. Овој шармантен град со околу 1.500 жители е познат по пространите песочни плажи, пријатната клима и богатата туристичка понуда. Со своите широки шеталишта, бројни таверни, кафетерии, продавници и дискотеки, Платамона нуди разновидни активности за сите возрасти. За љубителите на историјата, белег на ова место е прекрасниот венецијански замок, кој нуди уникатен панорамски поглед на околината.
Вилата ILIOS се наоѓа на 200 метри од морето и 300 метри од црквата и градската плажа. Од плажата Каламаки која е споена со Неи Пори одалечена е околу 800 метри. Вилата се наоѓа во мирен дел од одморалиштето, со убава градина и прекрасен поглед од терасите. Вила Илиос се состои од два блока. Во текот на летната сезона, на само стотина метри од вилата, има станица каде застанува туристичкиот воз кој оди до Неи Пори. Располага со двокреветни и трокреветни студија од кои повеќето се наоѓаат на прв спрат. На приземјето на вилата има супермаркет Карфур. Секоја сместувачка единица има комплетно опремена кујна, бања (туш/WC), ТВ и балкон, како и клима, која се плаќа на лице место.За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ | Платамона лето 2026 Грција
| Вила ILIOS | 30.05. 08.06. | 08.06. 17.06. | 17.06. 26.06. | 26.06. 05.07. | 05.07. 14.07. | 14.07. 23.07. | 23.07. 01.08. | 01.08. 10.08. | 10.08. 19.08. | 19.08. 28.08. | 28.08. 06.09. | 06.09. 15.09. | 15.09. 24.09 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| број ноќевања | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 |
| Студио 02 наем | 240 | 270 | 370 | 380 | 430 | 460 | 490 | 530 | 530 | 490 | 400 | 345 | 240 |
| Студио 03 наем | 260 | 290 | 390 | 405 | 465 | 505 | 525 | 575 | 575 | 525 | 430 | 370 | 290 |
-
климата се доплаќа по студио/апартман;
