ВИЛА ТУЛИС (29)

Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.Во Вилата се дозволени миленици.

Вила Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот  центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за кошарка и приватна теретана. Одличен избор за семејства. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
 Wi fi интернет

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција
Здравствено и патничко осигурување
Клима уред се доплаќа на лице место во објектот
Превоз- за возрасен 50еур / 40 еур во еден правец  деца од  2-11.99г. 40eур / 30 еур во еден правец; деца до 2год. (без седиште)-Бесплатно 

 

Период1/2+1
1/3+1
1/4app
1/5duplex
25.07.2026
7 ноќи
559 659 ПРОДАДЕНО ПРОДАДЕНО
01.08.2026
7 ноќи
669 ПРОДАДЕНО ПРОДАДЕНО ПРОДАДЕНО
08.08.2026
7 ноќи
ПРОДАДЕНО ПРОДАДЕНО ПРОДАДЕНО ПРОДАДЕНО
15.08.2026
7 ноќи
619 649 649 690
22.08.2026
7 ноќи
589 629 629 669
29.08.2026
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 239 239 239
05.09.2026
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 179 179 179
12.09.2026
7 ноќи
159 159 159 159
19.09.2026
7 ноќи
ПРОДАДЕНО 119 119 119
26.09.2026
7 ноќи
99 99 99 99

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ

Располага со 11 апартмани во две згради.

Во зграда  број еден се наоѓаат:

Апп бр 8 се наоѓа на приземје со поглед на градина, има брачен кревет во кујна и брачен кревет во спална.

https://www.youtube.com/shorts/Xmt3ySyIxZQ

Апп бр.9 се наоѓа на приземје со поглед на градина, има брачен кревет во кујна и брачен кревет во спална.

https://www.youtube.com/shorts/g245GGP0ulI

Апп бр.10 е дуплекс апартман на прв кат со поглед на градина и има една спална соба со еден брачен кревет и друга спална соба со брачен и единечен кревет и посебна кујна.

https://www.youtube.com/shorts/nHMgUBkZ7Do

Апп бр. 12 е на неколку скали над приземје и има поглед кон паркинг. Располага со спална соба во која има еден брачен и еден единечен кревет и посебна опремена кујна.

https://www.youtube.com/shorts/8l-UaStY7tQ?feature=share

Апп бр.13 е апартман со посебнен влез на високо приземје со сопствена тераса и поглед кон паркинг. Има спална соба со брачен кревет и софа во кујната што ја препорачуваме за дете.

https://www.youtube.com/shorts/xRJgVI7CLc4

Во зграда број 2 се наоѓаат:

Апп бр.1 е дуплекс апартман за 5 лица со поглед на градина. Во едната спална соба има брачен и единечен кревет, а во другата спална има брачен кревет, располага и со посебна кујна и тоалет.

https://www.youtube.com/shorts/L13MhzTe6-4

Апп бр.2 во спалната соба има брачен и единечен кревет, во кујна има софа. Препорачуваме сместување на тројца возрасни и едно дете. Поглед на градина.

https://www.youtube.com/shorts/TxaM23rpyC4

Апп бр.3 во спалната соба има брачен и единечен кревет, во кујна има софа. Препорачуваме сместување на тројца возрасни и едно дете. Поглед на градина.

https://www.youtube.com/shorts/HwSvTibiMPQ

Апп бр.4 е дуплекс апартман на прв кат со поглед на градина и има една спална соба со еден брачен кревет и друга спална соба со брачен и единечен кревет и посебна кујна.

https://www.youtube.com/shorts/t-3y9wKlskQ

Апп бр.5 е апартман на втор кат со поглед на градина и има една спална соба со еден брачен кревет  и посебна кујна каде што има софа. Препорачуваме двајца возрасни и две деца.

https://www.youtube.com/shorts/BUS5jWQrHIk

Апп бр.6 е апартман на втор кат со поглед на градина и има една спална соба со еден брачен кревет  и посебна кујна каде што има софа. Препорачуваме двајца возрасни и две деца.

https://www.youtube.com/shorts/1ovKG4_4Grs

 

НАПОМЕНИ:

1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот. 
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд) 
3. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни. 
4. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти. 
5. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во  ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена. 
6.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
7. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
8. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
9. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
10. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
11. Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
12.Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума. Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор