VILA DREAMS STUDIOS 9/9 noki bez prevoz

ПАРГА лето 2026: Овој преубав град се наоѓа во западниот дел на Грција, од Солун одалечен 375км а од Игуменица 47км. Парга поседува импресивна вегетација, опкружена со планини и плантажи со маслинки, кристално чисто море, преубави плажи, тесни улици, поплочени калдрми и нуди за секого по нешто. Од градската тврдина се пружи инзонредна панорама која ги краси сите туристички брошури. Во близина на Парга се наоѓаат многубројни скриени плажи а најпозната е плажата Валтос.

Вилата е сместена во градот Парга на мала височина, на неколку минути пеш до центарот на градот и околу 1000 метри од најубавата плажа Валтос. Поседува двокреветни и трокреветни студија. Секое студио е отремено со кујски дел, тераса, ТВ, купатило и клима со доплата. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.


ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ

Вила DREAMS STUDIOS клима со доплата06.06. 15.06.15.06. 24.06.24.06. 03.07.03.07. 12.07.12.07. 21.07.21.07. 30.07.30.07. 08.08.08.08. 17.08.17.08. 26.08.26.08. 04.09.04.09. 13.09.13.09. 22.09.
Ноќевања 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9
Студио 02 наем приземје 310 380 465 540 615 695 730 730 710 595 530 465
Студио 03 наем приземје 330 410 495 570 655 755 785 785 770 645 555 495
Студио 02 наем спрат 320 395 485 550 640 730 765 765 750 620 540 485
Студио 03 наем спрат 335 425 520 595 685 790 820 820 795 675 585 520
  • Климата се доплаќа на ден по студио/апартман
ТУРИСТИЧКА ТАКСА од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување. Очекуван износ на туристичката такса за 2026 година е 2 евра по студио / апартман на ден.
НАПОМЕНА за ПАРГА лето 2026 - Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари. За овој аранжман важат oпштите услови за патување