Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското море, местото каде се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист кој ја посетил Парга, овозможувајќи да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација.Кога ќе прошетате во стариот град се чувствувате како да патувате во времето опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, писо Крионери во центарот на градот и плажата Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското море.
Вилата “НАСОС“ лоцирана е во самиот центар на градот во Парга. Лоцирана е на 2 мин. од плоштадот. Од плажата Крионери е оддалечена 200 метри. Убаво опремена вила. Дуплекс Апартманот има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, микробранова печка клима уред и тв и тераса со поглед према море во далечина. Дуплекс апартманот има убаво опремено купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет. Во близина има паркинг со доплата.

