СИТОНИЈА (II крак)

Доколку и ние како птиците, би ја имале привилегијата до го упатуваме својот поглед од небото кон прекрасниот полуостров Халкидики, веројатно честопати би не потсетувал на митологијата и на трозабецот на богот Посејдон, кој единствено тој можел така силно да го положи врз непрегледната површината на морето. Токму оваа исклучителна географска положба на Халкидики, веќе илјадници години го издвојува како еден од најубавите полуострови на медитеранот. Протегајќи се југоисточно од градот Солун и заливот Термаикос, кон заливот Стримоникос и сливот на реката Струма, Халкидики со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос, длабоко навлегува во Егејското море. Сите три краци, кои формираат преку петстотини километри долги песочни плажи, воедно му ја даваат и особеноста, на прекрасна хармонија од сино море, бел песок и бујно зеленило. Оваа природна идила, низ долгата историја на човековото постоење, не случајно за многумина и претставувала своевиден "рај на земјата". Веројатно е дека, токму таа убавина ги иницирала и монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата единствена монашка држава во светот - "небесната Света гора". Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и виногради, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна... се само дел од нејзините природни убавини. 
Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Псакудија или Неос Мармарас, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате. Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и виногради, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна... се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Псакудија или Неос Мармарас, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате.