АСПРОВАЛТА
VILA STELLA 9
Вила Стела се наоѓа на околу 150 метри од морето. Оддалечена е приближно 200 метри од поплочената променада на градот, каде што има голем број ресторани, таверни, продавници и супермаркети. Околината на вилата им овозможува на гостите идеален одмор. Поседува двокреветни и трокреветни студија сместени на високото приземје и на првиот кат. Сите сместувачки единици имаат бања, тераса, мини-кујна (со основни садови, фрижидер, шпорет со две рингли), телевизор и клима уред (со доплата). Постелнината се менува на половина смена ( истата ја има на располагање на спрат од вилата, гостите сами ја менуваат ). За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
