ЛИМЕНАС
V&N House 10 noki bez prevoz
Вилата се наоѓа во Лименас, во близина на самото пристаниште, на првата линија до морето. Вилата има соби со два кревети, апартмани со четири кревети и дуплекс апартман. Сите сместувачки единици се наоѓаат или на приземје или на прв кат и се опремени со кујна (кај двокреветните соби нема услови за готвење), фрижидер, бања, телевизор, клима уред (со дополнителен надомест од 7 евра на ден на лице место) и тераса. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
