Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти,идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдете овде.Од плажа е одалечена на само 100 метри ,а од центарот- плоштатчето на Ханиоти е на само 600 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани и студија.Истата е изградена во два блока А блок и Б блок.Апартманите со кои располагаме се наоѓаат во А блок на први и втори кат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,а дел имаат поглед на море и градина од балкон.Студијата се наоѓаат во Б блок распоредени на приземје,први и втори кат и се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,балкон.Во дворот на вилата има скара достапна за користење на гостите во зависност од препораките за заштита од пожари од страна на локалните власти.
СТУДИО БР.B1 (1/4) – 4 лица
Студиото располага со една просторија раздвоена со зидана преграда.Во склопот на истата просторија е кујната.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,шпорет со фурна,аспиратор.Има еден дупол кревет комотен за спиење на две лица и два единечни кревети на спрат комотни за спиење на 2 лица, плакар за алишта, клима уред ,TVи излегува на тераса.На прозорите има комарници и на терасите има тенди. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици.Студиото располага со стандардно купатило и вц.

