ОСТРОШКИ МАНАСТИР – ДАЈБАБЕ – ХРИСТОВО ВОСКРЕСЕНИЕ – БУДВА (78)

Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда, во Црна Гора. Манастирот го основал Василије, митрополитот епископ на Херцеговина во 17 век. Починал таму во 1671 година, а неколку години подоцна се прославил. Манастирот Острог е еден од најпосетените во манастири во Црна Гора. Неговите врати се отворени за верниците во секоја доба од денот. На ова место верниците одат со чисто срце, со молитва, надеж и верба во моќта на исцелението на свети Василиј Острошки. Луѓето доаѓаат во потрага по духовна утеха и лек за физичка и душевна болка.

За посетителите на Острошкиот манастир е интересно што на лист хартија можат да ги напишат желбите за своите живи и покојни, кои за време на една од литургиите свештениците од овој манастир ќе ги прочитаат пред Бога и свети Василиј Острошки. Од манастирот може да земете и света вода, свето масло, темјан, нафора или икони.

Верниците кои доаѓаат да преноќат во манастирот имаат можност да преноќат и во конаците во Долниот или Горниот манастир. Конаците се често преполни, па верниците спијат пред манастирот, но обезбедени им се ќебиња за да не им биде студено навечер.

Ако сте биле во Острог, сигурно сте биле сведоци на барем едно чудо. Секој кој оди на тоа свето место има своја приказна. На Острог се доаѓа со верба и молитва, а се заминува со спокој и среќа.

ТЕРМИНИ ВО ЈУЛИ:
10.07.2026-12.07.2026
17.07.2026-19.07.2026
24.07.2026-26.07.2026
31.07.2026-02.08.2026


1.ДЕН-Состанок на групата во 23:00 часот. Поаѓање кон Црна Гора (ноќно возење). Се патува  преку Албанија на граничен премин Ќафасан со попатни паузи  и царински формалности.

2.ДЕН- Пристигнување во БУДВА. Слободно време за прошетки во еден од најубавите градови на јадранот. Разглед на Стариот град, слободно време за кафе, шопинг и други индивидуални активности. По разгледот поаѓање према ОСТРОШКИ МАНАСТИР. Сместен високо во карпите Острог трето место по посетеност во православието. Овој манастир врежан во вертикална карпа доаѓаат да го посетат илјадници верници од целиот свет, по потрага на мир, вера и надеж, врежувајќи чудотврона моќ на Свети Васил Острошки. Погледот кон манастирот е величествен а самата тишина и мир даваат чувство на спокој и духовно исполнување. Ова е од тие места кои не се опишуваат туку се доживуваат. Манастиро зрачи со посебна енергија која ја чувствува секој посетител. Патот до него е доживување само по себе затоа по само пристигнување по желба се искачуваме до Манастирот пешки или со трансфер со локалните комбиња. Во однос на сместувањето, патниците кои претходно се пријавиле во агенција за резервација во конаци се сместуваат во конаците (секако доколку има одобрение од манастирскиот конак), или преспивање под отворено небо во дворот на манастирот.

Присуство на попладневната и вечерната служба и поклонување на моштите на Св.Василиј Острошки. Ноќевање.

3.ДЕН- Можност за присуство на утринска служба во горниот или долниот манастир. По службата во 09 часот поаѓање према Подгорица  и го посетуваме Храмот Христово Воскресение. Храмот се градел цели 20 години од 1993 година и денеска претставува трета по големина Православна катедрала во светот по соборниот храм Христос Спасител во Москва и катедралата Свети Сава во Белград. Со својата импресивна архитектура, масивни куполи и богато украсена внатрешност, храмот остава без здив уште на прв поглед.манастирот Дајбабе. Манастирот Дајбабе е вистинска духовна оаза сместена во прегратките на природата, во близина на градот Подгорица. Овој уникатен манастир е врежан во карпа и нуди посебно чувство на мир, тишина и духовна сила. Со својата необична пештерска внатрешност и впечатливи фрески, Дајбабе е место каде секој посетител може да најде спокој и инспирација. Симбол за уникатност на овој манастир покрај мирот и прекрасната природа е тоа што манастирот е сместен под земја. Манастирската црква е посветена на Успение на Пресвета Богородица. Единствениот видлив дел на црквата надвор од пештерата е широкиот влез со две прекрасни камбанарии. Манастирот е изграден во 1897 година.

Основач и прв игумен бил преподобниот Симеон Поповиќ († 1941). Еден ден еден овчар по име Петко го пронашол Симеон и му ја раскажал приказната за тоа како, додека тој пасел овци, му се јавил светец од времето на Свети Сава и му рекол дека неговите мошти се наоѓаат во близина на Дајбабска Гора, скриени во пештера, и дека треба да најде монах на кого може да му го каже ова. Кога отишле на тоа место, во пештерата навистина имало два гроба. Потоа овчарот отишол во Острог и му се доверил на монахот Симеон, кој лично ја потврдил приказната на овчарот. Потоа Симеон се преселил во пештерата и почнал да копа тунел низ пештерата и да создава светилиште.  До својата смрт работел на сликање на внатрешноста на црквата, прилагодувајќи ги сцените на природниот облик на пештерата. По разгледот се поаѓа према Македонија со попатни паузи и царински формалности.

ЦЕНА: 2200 денари

ПОАЃАЊЕ ОД  БИТОЛА, РЕСЕН, ОХРИД И СТРУГА

Во цената е вклучено :

– Превоз на наведената релација со туристички автобус

– Организација и водство на патувањето

– Разглед на Будва, Храм Христово Воскресение, Манастир Дајбабе, Манастир Ждребаоник

– Пратител на групата

Во цената не е вклучено:

– Трансфер до Горниот Манастир со локално комбе (1еу по лице)
– Туристичка такса за Острог 1 еу
– Ноќевање во долниот конак (5еур по лице)—информаци во АГЕНЦИЈА !!!
– Ноќевање во Горниот конак е бесплатно доколку има слободни места кои се проверуваат по пристигнување во манастирот
– Патничко осигурување – индивидуално
– Оброци и индивидуални трошоци

НАПОМЕНА!!!

– За реализација на овој аранжман се потребни минимум 35 патници.

– Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).