ГЕРАКИНИ
VILA PASHALIA I-81
Геракини е една од најстарите туристички дестинации на халкидики и се наоѓа на самиот почеток На Ситонија. Тоа е место кое им го препорачуваме само на оние кои сакаат исклучително тивок одмор или база за посета На Ситонија. Местото е туристички развиено и тука можете да најдете некои од поголемите и полуксузни хотели На Халкидики, но и помали апартмани и куќи. Иако е мало место не мора да се грижите за снабдување со намирници, бидејќи има неколку помали маркети, а во рамките на мини трговскиот центар има таверна, ресторан за брза храна, неколку бутици, мини-пазар, одлична слаткарница. Местото е тесно и долго, околу 3 километри, и покрај морето има шеталиште кое не е преполно, за да можете да уживате во мирни вечерни прошетки со вашето семејство. Локацијата помеѓу двата прста го штити од ветер и е идеална за семејства со помали деца.
Вила Пасхалиа 1 е идеален избор доколку барате сместување во центарот на Геракини и на 100м од песочната плажа. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија, сите сместени на првиот кат. Опремени се со клима (вклучена во цената) мини кујна, опремена според бројот на кревети, тераса опремена со маса, столици и тенда, комарници, WI-FI.
ЦЕНИ И УСЛОВИ 2026
| ТЕРМИН ОД: | 1/2 I Кат | 1/3 I Кат | 1/4 I Кат |
| 23.мај | 159 | 179 | 189 |
| 30.мај | 189 | 229 | 249 |
| 06.јун | 259 | 269 | 279 |
| 13.јун | 329 | 369 | 379 |
| 20.јун | 359 | 399 | 419 |
| 27.јун | 389 | 439 | 459 |
| 04.јул | 429 | 489 | 499 |
| 11.јул | 449 | 519 | 539 |
| 18.јул | 479 | 559 | 569 |
| 25.јул | 479 | 559 | 569 |
| 01.авг | 479 | 559 | 569 |
| 08.авг | 479 | 559 | 569 |
| 15.авг | 479 | 559 | 569 |
| 22.авг | 449 | 489 | 539 |
| 29.авг | 389 | 419 | 459 |
| 05.септ | 349 | 339 | 379 |
| 12.септ | 259 | 259 | 299 |
| 19.септ | 189 | 209 | 239 |
НАПОМЕНИ:
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)
* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
* Туристичка такса се плаќа НА ЛИЦЕ МЕСТО
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;
* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари
ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;
УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;
ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до најпристапното место за превозното средство;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 50 € возрасни (повратен билет)
* 40 € возрасни (eден правец)
* 40 € деца од 2 - 12 години
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште).
