• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA SOULA (18)

7 % ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 20 ЈАНУАРИ

50 МЕТРИ ОД ПЛАЖА

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите,  супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

 

Вилата “Сула“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 50 метри од море . Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар додека во апартманите има големи фрижидери и голем ел.шпорет со фурна.Секоја соба има стандардно купатило и вц.Секоја соба има клима уред и тв.Вилата има и безжичен интернет, тераси и голем двор.


ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (14.05; 21.05; 28.05; 04.06; 03.09;10.09 и 17.09.)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН   ЗА 7 НОЌИ

 

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕД ,ПАРКИНГ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

ВИЛАТА ИМА ГОЛЕМ ПАРКИНГ , КОЈ ГО КОРИСТАТ ТУРИСТИТЕ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО.ПАРКИНГОТ Е БЕСПЛАТЕН.

 

  • За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН  потребни се минимум 2 лица;
  • трето,четврто,петто или шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
    доколку користат 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
  • дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

 

ЗА РАНО РЕЗЕРВИРАЊЕ(EB) СЕ УПЛАТУВА АВАНС 50% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ ДОДЕКА ТРАЕ АКЦИЈАТА.ОСТАТОКОТ ОД 50% 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

ПОПУСТИТЕ ЗА РАНА УПЛАТА НЕ ВАЖАТ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ (ДАТИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА (*))

 

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

45 € за возрасни – повратна карта

35 € за возрасни или деца – карта во еден правец

35 € за деца до 12 години – повратна карта;

Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште


ОПИС НА СОБИТЕ

Апартман 1(високо приземје)

(1/2+1/2+2) – 4 лица +2
Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има еден дупол кревет и плакар за алишта. Во кујната има два поединечни кревети на спуштање на кој можат да спијат двајца возрасни и две деца овде има маса со столици, TV и клима уред Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем електричен шпорет со рерна и голем фрижидер. Oд кујната се излегува на тераса на која има маса со столици и има поглед према море.

Апартман 2(високо приземје)

(1/2+1/2+2) – 4 лица +2
Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има еден дупол кревет, плакар за алишта. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер и клима уред. Во кујната има два поединечни кревети на спуштање на кој можат да спијат двајца возрасни и две деца овде има маса со столици, TV. Од апартманот се излегува на голема заедничка  тераса на која има маса со столици.

Студио 3(прв кат)

(1/2) – 2 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, плакар за алишта, кујна, TV и клима уред, купатило со WC. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо и мал фрижидер. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици

Студио 4(прв кат)

(1/2) – 2 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, плакар за алишта, кујна, TV и клима уред, купатило со WC. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо и мал фрижидер. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици.

Студио 5(прв кат)

(1/2) – 2 лица
Студиото располага со два поединечни кревети, плакар за алишта, кујна, TV и клима уред, купатило со WC. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо и мал фрижидер. Од студиото се излегува на тераса со маса и столици.

Студио 6(високо приземје)

(1/2) – 2 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, плакар за алишта, кујна, TV и клима уред, купатило со WC. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо и мал фрижидер. Студиото излегува на сопствено дворче со маса и столици.

 
 НАПОМЕНИ
  • ПРЕВОЗОТ ЗАСТАНУВА ДО НАЈБЛИСКАТА ЛОКАЦИЈА  ОД СМЕСТУВАЧКИОТ КАПАЦИТЕТ КАДЕ Е ВОЗМОЖНО ДА ЗАСТАНЕ;
  • ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);
  • ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;
  • КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ ИЛИ КОГА ЕДНАТА СМЕНА Е СО ЗВЕЗДИЧКА НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;
  • ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ЦЕНИТЕ(ЗГОЛЕМУВАЊЕ ИЛИ НАМАЛУВАЊЕ) СО ОБЈАВУВАЊЕ НА НОВ ЦЕНОВНИК НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ЦЕНАТА НА ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНИТЕ УСЛУГИ;
  • ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ  ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ;
  • МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК – ОТКАЗ НА АРАНЖМАН ВО ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА;
  • ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА  САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;
  • ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ДВАЕСЕТ И ЕДЕН ДЕН (21) ПРЕД ПОАЃАЊЕ;
  • ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА,СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТУВАЊЕТО, ИСКЛУЧОК СЕ ПРАВИ(ПОВРАТОК НА СРЕДСТВА) САМО ДОКОЛКУ  ПАТНИКОТ САМ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ВЕКЕ РЕЗЕРВИРАНАТА СОБА ;
  • ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО СТУДИЈАТА или АПАРТМАНИТЕ, СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МЕСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА;
  • АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА;
  • ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА 0,5 € ОД НОЌ ЗА СТУДИО или АПАРТМАН

СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ:
НЕМААТ КРПИ
ИМААТ  САПУН  И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА ;

 
МЕСТА НА ПОАЃАЊЕ

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија 04:30 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 20 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА

Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро
ЛОКАЦИЈА
GPS координати:

40.400363, 23.878800

40°24’01.3″N 23°52’43.7″E