- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
ЛЕТО 2023
ЦРНА ГОРА
Една од најмалите држави на Балканскиот полуостров и во Европа, смело го започна својот продор кон светскиот туристички пазар. Нам добро позната од времињата со заедничко минато, секако дополнително ни е пријателски блиска. Искреното добредојде во Црна Гора, како да се слуша најгласно. Во нивните места кои иако изобилуваат со своите препознатливи специфичности, сеуште можете да се напиете и македонско пиво, да слушнете и македонска музика, а во последно време и да ве угостат наши сограѓани. Едноставно, Црна Гора е наша вистински пријателска и блиска земја. Нејзиниот развој на туристичките места и хотелски капацитети, кои во последните години доживееа вистинска експанзија, ја вбројија веќе во најпосакуваните европски летни дестинации.