ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

ПОЛИСИ ЗА ПАТНИЧКО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ 

 

1. ОПТИМУМ ПАКЕТ 

Со патничка полиса оптимум се обезбедува здравствена помош, осигурување од незгода и осигурување друга помош при патување.

  Ризици опфатени со осигурувањето:

  • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај, вклучително и лекување во случај на КОВИД-19;
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина;
  • Враќање посмртни останки во земјата;
  • Враќање малолетни деца во Република Северна Македонија;
  • Надомест на телефонски трошоци;
  • Посета на осигуреникот кој што е хоспитализиран како пациент во странство – превоз и сместување во хотел за блиско лице;
  • Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел;
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина.

2. ПРЕМИУМ ПАКЕТ 

Со патничка полиса премиум се обезбедува здравствена помош, осигурување од незгода и осигурување друга помош при патување, како и осигурување багаж.

  Ризици опфатени со осигурувањето:

  • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај, вклучително и лекување во случај на КОВИД-19;
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина;
  • Враќање посмртни останки во земјата;
  • Враќање малолетни деца во Република Северна Македонија;
  • Надомест на телефонски трошоци;
  • Посета на осигуреникот кој што е хоспитализиран како пациент во странство – превоз и сместување во хотел за блиско лице;
  • Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел;
  • Багаж – кражба, оштетување и уништување;
  • Багаж – кражба, во моторно возило;
  • Багаж – задоцнето пристигнување во странство;
  • Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертификат.

3. ВИП ПАКЕТ

 Со патничка полиса вип се обезбедува здравствена помош, осигурување од незгода, осигурување друга помош при патување, осигурување багаж, како и дополнителни трошоци поврзани со тешки несреќи во домот или службени простории, фабрики.

 Патничка полиса вип пред сѐ е наменета за сопственици на бизниси, членовите на органи на управување во компании како за вработените во истите.

Ризици опфатени со осигурувањето:

  • Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај, вклучително и лекување во случај на КОВИД-19;
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина;
  • Враќање посмртни останки во земјата;
  • Враќање малолетни деца во Република Северна Македонија;
  • Надомест на телефонски трошоци;
  • Посета на осигуреникот кој што е хоспитализиран како пациент во странство – превоз и сместување во хотел за блиско лице;
  • Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел;
  • Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина;
  • Багаж – кражба, оштетување и уништување;
  • Багаж – кражба, во моторно возила;
  • Багаж – задоцнето пристигнување во странство;
  • Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертификат;
  • Трансфер на деловни колеги;
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот;
  • Предвремено враќање поради тешка несреќа во деловни простории, фабрика;
  • Надомест на трошоци заради доцнење или откажување лет;
  • Враќање моторно возило.

4. СКИ ПАКЕТ

Ски-пакет покритие важи за зимските спортови скијање и сноуборд, доколку се занимавате со истите исклучиво аматерски.

Ризици опфатени со осигурувањето:

  • Доцнење, губење или кражба на ски-опрема (скии, чевли, штеки, скиборд) при транспорт;
  • Болест или повреда при зимување;
  • Затворање терени;
  • Лавина или слегнување на земјиште.