КАЛИТЕА

Убавата Kalithea, е всушност мало градче лоцирано на средината од првиот крак на Халкидики, со единствен поглед кон заливот Торонеос. Како што впрочем го опишува и неговото име - "добра гледка", ова место во последните години наидува на се' поголем интерес кај бројните туристи, кои ја бараат истата. Во прекрасната околина од борови дрвја, амфитеатрално спуштајќи се кон синото море и прекрасната плажа, Калитеа сосема сигурно го наоѓа своето место на туристичките карти на Халкидики и Касандра. Мноштвото квалитетни објекти за сместување на туристите, како и бројните содржини со кои изобилува, Калитеа оваа година ја вброија и во нашата туристичка понуда за Грција.