СТАВРОС
VILA ALEKSANDROS PALACE 9 (10 noki bez prevoz)
Вилата се наоѓа во новиот дел на Ставрос, на 350 метри од плажата. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија. Секоја сместувачка единица има основно опремена кујна, тераса, wifi и климатизација (со доплата на лице место од 5-10 евра на ден). Постелнината се менува на 6-тиот ден од престојот (се остава на катот од вилата и гостите ја менуваат сами). Во дворот на вилата има базен со лежалки и чадори. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
