Вилата “АВРАМИДИС“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 80 метри од плажа. Секое студио и апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,решо со две рингли,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.
СТУДИО БР.1 (1/4) – 4 лица
Студиото располага со два поединечни кревети стандардни за спиење и еден поединечен кревет со кревет на извлекување под поединечниот.Вкупно во студиото можат да престојуваат четири лица.Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар,голем фрижидер,решо со две рингли плакар за алишта, тв, клима уред.Од собата се излегува на комотна тераса со маса и столици и има страничен поглед на море.Студиото располага со стандардно купатило и вц.

