VILA VASILIOS MARIA 9/9 noki sopstven prevoz

НЕИ ПОРИ лето 2026 Грција:

Неи Пори е едно од помодерните одморалишта на грчкиот брег, специјално дизајнирано за удобност и уживање на туристите. За разлика од класичните грчки градови, Неи Пори се издвојува со широките улици, големите плоштади и многубројните детски игралишта, што го прави совршен за мирен семеен одмор. Идеален за оние кои бараат буџетски пакет за одмор во Грција, Неи Пори нуди се што ви треба за целосна релаксација и уживање.Една од главните атракции на Неи Пори е нејзината широка, златно-жолта песочна плажа – една од најшироките во Грција, која достигнува ширина до 100 метри. Со многу чиста вода, плажата е идеална за семејства со деца, како и за љубителите на нуркање и други спортови на вода.


Вила Василиос Марија се наоѓа во првиот ред куќи покрај морето, на само 60 метри од широката песочна плажа во Неи Пори. Во близина на зградата има уредена зелена површина и мал детски парк, што ја прави оваа локација идеална за семејства, сите патници кои бараат близина до плажата и мирна средина. Располага со двокреветни и трокреветни студија кои се наоѓаат на приземје како и трокреветни, четирикреветни и петкреветни апартмани дуплекс на спрат. Сите сместувачки единици имаат опремена кујна, бања (TWC), телевизор, фрижидер, класични кревети и тераса. Користењето на клима уредот дополнително се плаќа. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.


ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ | НЕИ ПОРИ лето 2026 Грција​

Вила VASILIOS MARIA30.05. 08.06.08.06. 17.06.17.06. 26.06.26.06. 05.07.05.07. 14.07.14.07. 23.07.23.07. 01.08.01.08. 10.08.10.08. 19.08.19.08. 28.08.28.08. 06.09.06.09. 15.09.15.09. 24.09
број ноќевања 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9
Студио 02 наем 295 370 520 550 630 685 725 785 785 725 580 485 370
Студио 03 наем 320 395 540 580 670 740 770 855 855 770 620 420 395
Апартман 03 наем 370 450 615 680 780 855 895 990 990 895 730 595 450
Апартман 04 дуплекс наем 395 485 665 730 830 915 960 1065 1065 960 760 625 485
Апартман 05 дуплекс наем 420 515 695 775 890 975 1080 1140 1140 1080 815 670 515

Kлимата се доплаќа на ден по студио/апартман

ТУРИСТИЧКА ТАКСА Од 01.01.2018 година година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување. Очекуван износ на туристичката такса за 2026 годинa е 2 евра по студио / апартман на ден.
НАПОМЕНА за НЕИ ПОРИ лето 2026 Грција - Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.