КАЛИТЕА

VILA ALEKSANDRA (20)

Куќа “Alexandra” - Калитеа 

40.074853, 23.445719  

25 % попуст за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота) 

 

КАЛИТЕА претставува монденско место на првиот крак Касандра на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 320 км од Скопје, а 90 км од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL”. Во местото има продавници за кожа и крзно, сувенирници, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптеки, такси станици како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак и со Солун. Градот чие име во превод значи ‘убав поглед’ е меѓу еден од најбараните, заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат, како и семејства кои сакаат вистинско уживање.

Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови и  располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Вилата нема сопствен паркинг, гостите со сопствени возила може да се паркираат околу вилата.

Студио бр. 1 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Студио бр. 2 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Студио бр. 3 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има два француски кревети.

Студио бр.4 – високо приземје. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

Студио бр. 5 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед кон парк, клима, ТВ, Wi-Fi. Има брачен кревет.

Студио бр.7 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна со голем фрижидер и мало решо, комплетно реновиран тоалет, сопствена тераса опремена со маса и столови и поглед позади во дворот на вилата, клима, ТВ, Wi-Fi. Има француски кревет и еден стандарден кревет.

 

  • 1.    Вонсезонски  цени
  • Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице ( задолжително плаќаат 2 лица ) 

    Термин

    Ноќевања

    1/2 студио 

      бр. 2 и бр. 5  

     

    1/3 студио 

     бр. 1, 4 и 7  

     

    1/4 студио

     бр. 3

     

    16/05-23/05

    7  

    89

    99

    109

    23/05-30/05

    7  

    99

    109

    119

    30/05-06/06

    7  

    159

    169

    189

    06/06-13/06

    7  

    199

    209

    229

    13/06-20/06

    7 

    259

    269

    289

    20/06-27/06

    7  

    269

    279

    299

    * цена по лице со вклучен превоз

  • 2.    Сезонски  цени
  • Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз

    Термин

    Ноќевања

    1/2 студио 

     бр. 2 и бр. 5

     

    1/3 студио 

     бр. 1, 4 и 7

     

    1/4 студио

     бр. 3

     

    27/06-04/07

    7

    599

    619

    679

    04/07-11/07

    7

    639

    669

    729

    11/07-18/07

    7

    679

    709

    769

    18/07-25/07

    7

    719

    759

    819

    25/07-01/08

    7

    749

    799

    859

    01/08-08/08

    7

    719

    759

    819

    08/08-15/08

    7

    689

    739

    799

    15/08-22/08

    7

    689

    739

    799

    22/08-29/08

    7

    669

    699

    759

      * цена за наем на студиo

     

  • 3.    Вонсезонски  цени
  • Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице ( задолжително плаќаат 2 лица )

    Термин

    Ноќевања

    1/2 студио 

     бр. 2 и бр. 5

     

    1/3 студио 

     бр. 1, 4 и 7

     

    1/4 студио

    бр. 3

     

    29/08-05/09

    7

    269

    279

    299

    05/09-12/09

    7

    239

    249

    269

    12/09-19/09

    7

    169

    179

    199

    19/09-26/09

    7

    109

    119

    129

    * цена по лице со вклучен превоз

    НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

    • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45 евра)
    • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
    • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
    • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
    • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
    • ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попуст и истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
    • Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
    • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
    • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
    • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
    • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
    • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
    • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
    • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
    • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
    • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
    • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
    • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
    • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
    • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
    • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
    • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

    Превоз:

    • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
    • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
    • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
    • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
    • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
    • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

    Место на поаѓање:

    • Скопје – хотел ‘Russia’
    • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
    • Велес - БП Макоил
    • Неготино – БП Макпетрол Неготино
    • ГП Богородица