- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
ЈОНСКИ БРЕГ (+Лефкада) Апартмани
ПАРГА
Сместувањето во Parga, кај најголемиот број туристи е ориентирано кон локалните објекти за сместување кои располагаат со студиа и апартмани. Независноста за време на престојот, прилагодена на сопствениот распоред на времето е императив за најголем дел од нејзините гости. Сето тоа е особено битно, кога ќе се земе в предвид потребната подвижност и секојдневно патување до прекрасните околни плажи, археолошки и туристички локалитети. Самиот град со својата местоположба, наметнува асистенција при сместување од страна на локалните туроператори, кои со мали комбиња и пик-ап возила од локалниот паркинг за автобуси, ги пренесуваат патниците и багажот до нивните објекти. Парга е навистина специфично, но сепак прекрасно место за незаборавен одмор.