АМУДИА
VILA ATANASI (24)
Грција, Јонско море, Амудиа
ЦЕНИ ЛЕТО 2026
Преглед
Амудиа е мало рибарско место во општината Фанари, областа Епир во Грција. Ова место се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бела песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Ахерон. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор.
Вила Атанаси се наоѓа во Амудиа, веднаш до вила Вагиа, на 50метри одалеченост од плажа, во мирно и пријатно опркружување
Вилата располага со:
- трокреветни студиа кој се наоѓаат на приземје со балкон кој гледа према градина,
- апартман (една спална соба, и просторија со кујна каде има уште 2 кревета) кој се наоѓа на први спрат, со една тераса која гледа странично према море.
Содржина на студијата и апартманот:
- кујна опремена со решо за готвење,
- прибор и садови за готвење,
- фрижидер,
- клима (7еур на ден)
- сопствен тоалет со туш,
- ТВ,
- тераса со сет за седење.
Промо термини:
- Првите три и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете:
- Понудата важи за ограничен број студија/ апп во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио/апп за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот
