VILA YOTA (15)

ВИЛА ЈОТА се наоѓа на самиот влез во Парга, на 300метри од градската плажа и 500метри од центарот. Вилата има сопствен паркинг, располага со двокреветни и трокревети студија и четворокреветни апартмани. Секое студио/апартман е со балкон, комплет опремена кујна, ТВ, клима (со доплата 7евра на ден ) и Wi-Fi, пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот ( зависно 7 или 9 ноќи), чистење секојдневно.


 

Попуст 10 % за 50 % уплата заклучно со 31.03.2024

 

 

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ за 7 или 9 ноќи на СТУДИО / АПАРТМАН


 

Термин

Ноќевања

1/2 СТД

1/3 СТД

1/4 АПП

01.06

7

210 €

240 €

270 €

08.06

7

280 €

300 €

350 €

15.06

7

330 €

350 €

420 €

22.06

7

410 €

430 €

470 €

29.06

9

530 €

550 €

670 €

08.07

9

570 €

600 €

750 €

17.07

9

630 €

670 €

820 €

26.07

9

630 €

670 €

820 €

04.08

9

630 €

670 €

820 €

13.08

9

630 €

670 €

820 €

22.08

9

590 €

630 €

770 €

31.08

7

430 €

460 €

560 €

07.09

7

380 €

400 €

490 €

14.09

7

300 €

320 €

360 €

21.09

7

220 €

240 €

270 €

 

 

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14:00 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник  има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите. 

Oпис на собите:

  • Студио бр.1  двокреветно студио со брачен кревет на високо приземје.
  • Студио бр.5 трикреветно студио со 3 единечни креветни на високо приземје.
  • Апартман бр.2 и бр.4 - четворокреветни апартмани со две соби, кујна со брачен кревет и спална со 2 еднинечни кревети на високо приземје.
  • Апартман бр.8 четворокреветен апартман со две соби, кујна со брачен кревет и спална со 2 еднинечни кревети на 1кат.


Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€
  • деца до 12 години 35 евра / Еден правец 30 евра.
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

 

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

Локација

39.287939311493645, 20.410561984093718