VILA JANA (1)

Пефки, Остров Евија
Villa Jana се наоѓа при самиот влез во Пефки, на првата линија до морето и почетокот од шеталиштето на околу 200м од самиот центар. Од своите содржини, вилата располага со повеќе двокреветни и трокреветни студија кои се распоредени на приземјето, првиот и вториот кат од објектот. Сите студија се со површина од околу 20м2 и во својот состав освен комплетно опремена кујна со фрижидер, електрично решо и аспиратор имаат и соодветен мебел, ТV, клима уред и балкон. Во вилата е достапен и WI-FI интернет. Студијата кои се наоѓаат во приземјето, имаат уреден простор со гарнитура за седење. 
* Објектот е "pet friendly" и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.