АТИНА 30.12-03.01.2027 | 159€ (29)

АТИНА НОВА ГОДИНА 2027

Термин:30.12-03.01.2027


Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град, додека пак старогрчка Атина била моќен град- држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € / 11.100 ден.

ПРОМО ЦЕНА: 159 € / 9.860 ден.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:


-Автобуски превоз на дадената релација
-2 ноќевања со појадок во хотел 3*
-Дочек на Нова Година на плоштад во Атина
-Панорамско разгледување со водич
-Организација на аранжманот и туристички пратител во текот на патувањето 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:


-Задолжително патничко осигурување
-Факултативна посета на Пелопонез – 45 € (не е вклучена влезницата за театарот во Епидаурус – 20 €)
-Посета на Пиреја и Сунион – 30 €
-Влезница за Акропол со водич – 40 €
-Туристичка такса – 10 € за двете ноќевања (се плаќа во автобус)
-Индивидуални трошоци
-Пакет факултативи (Пелопонез, Акропол, Сунион и Пиреја) – 105 €
Програма:

 

ПРВ ДЕН 30.12.2026 (СРЕДА) СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата пред хотел „Русија“ во 19:00 часот. Поаѓање за Атина во 19:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

 

ВТОР ДЕН 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) АТИНА

Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (плоштадот Омониа, плоштадот Синтагма, каде што се наоѓаат Парламентот и стражата на Евзоните, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, Универзитетот...).

Посета на Акропол (Пропилеите, Партенон, Ерехтејон...). Зборот „Акропол“ во превод значи „град на височина“. Старото население, поради потребата од одбрана, најчесто избирало возвишени места со стрмни страни, каде што се граделе тврдини. Многу од нив подоцна станале центри на големи градови. Многубројните освојувачи на Акропол низ историјата извршиле различни измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне.

Вечерта дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина.

Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН 01.01.2027 (ПЕТОК) АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН

По појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишниот град Пиреја и неговите марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ’рт на Атика, каде што се наоѓа храмот на богот Посејдон. На 01.01.2027 година археолошкиот локалитет Сунион е затворен за посета, но храмот може да се види однадвор, а прекрасниот поглед сигурно ќе ве воодушеви. По завршувањето на екскурзијата следува слободно време, можност за посета на познатото кафуле Little Kook и враќање во хотел. Ноќевање.

 

ПОСЛЕДЕН ДЕН 02.01.2027 (САБОТА) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотел. Факултативна посета на Пелопонез со водич, со поаѓање во 08:00 часот. Се поминува покрај Коринтскиот Канал, кој ги поврзува Саронскиот Залив на Егејското Море и Коринтскиот Залив на Јонското Море. Ќе имате можност да направите прекрасни фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидаурус – родното место на Асклепиј, богот на медицината и лекувањето во старогрчката митологија. Тука се наоѓа и еден од најпознатите антички театри, познат по својата неверојатна акустика. Се продолжува кон Нафплио – првата престолнина на современата грчка држава, познат и како градот на трите тврдини: средновековната тврдина Паламиди (Palamidi), древната тврдина Акронафплија (Akronafplia) и тврдината Бурџи (Bourtzi). Слободно време. Во договореното време се враќаме кон хотелот по останатите патници, по што следува поаѓање кон Македонија.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.


 

СОЛО ПАТНИК:

Сами сте, сакате да патувате а не ви се надоместува за еднокреветна соба? Нашиот Staff го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

-За деца до 2,99 години – 50 € за превоз и бесплатно сместување доколку детето е придружувано од двајца родители. Детето не користи посебно легло.
-За деца од 3 до 11,99 години – попуст се одобрува само за факултативните излети, додека аранжманот се плаќа во целост.
-Доплата за еднокреветна соба – 60 € за две ноќевања 

 

НАПОМЕНИ:


-Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнувањето.
-Дали превозот ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
-За реализација на патувањето потребни се минимум 45 патници.
-Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
-Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Целосната доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнувањето.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку ultra first minute или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од веќе објавените во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовниот ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, согласно расположливите можности во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија, без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
-За ова патување важат Општите услови за патување на агенцијата