ДЕКЕМВРИ
МАДРИД 11.12-14.12.2026 | 449€
МАДРИД - живописната престолнина на Шпанија, град кој совршено ги спојува кралската традиција, богатата уметност и модерниот урбан дух. Познат по светските музеи, елегантните булевари и динамичниот ноќен живот, Мадрид нуди незаборавно искуство за секој посетител.
ТОЛЕДО - еден од највпечатливите историски градови во Шпанија, познат како „градот на трите култури“, каде со векови се испреплетувале христијанската, муслиманската и еврејската традиција. Со своите тесни улици од калдрма, средновековни ѕидини и величествената катедрала, Толедо нуди автентично патување низ шпанската историја.
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред време за лет.
Директен лет до Мадрид со авиокомпанијата WIZZ AIR во 17:55 ч.
Пристигнување во 21.35 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран разглед на главните знаменитости на Мадрид: паркот Buen Retiro , музејот Prado , плоштадот Mayor, пазарот Mercado de San Miguel, и Royal Armory (кралската оружарница), Музејот Prado.Ноќевање
3 ден
Појадок. Оранизиран разглед продолжуваме со посети на главните знаменитости на градот: Кралската палата Royal Palace, храмот Temple of Debod, Puerta del Sol, National Library, стадионот Santiago Bernabéu, и Gran Vía, Кралската Палата. Ноќевање
4 ден
Појадок. Трансфер до Толедо ( патувањето трае околу 1 час). Организиран разглед на Толедо со посета на главните знаменитости Toledo Cathedral, Alcázar Fortress, Monastery of San Juan de los Reyes, Puerta Bisagra, San Martín Bridge, Mirador del Valle, the Jewish Quarter (Judería) Synagogue, and the El Greco Museum. Трансфер до аеродромот во Мадрид: Директен лет Мадрид – Скопје во 22:20ч, прстигнување во Скопје во 01:45ч.
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авио билет на релација Скопје -Мадрид - Скопје со Wizz air
( седиштата во авион се чекираат по случаен избор ) - Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж со димензии 40x30x20
- 3 ноќевања со појадок
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник.
Важна напомена:
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај, програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување..
4. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Општи услови:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 170 €
- Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на организаторот
