АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ

САРАЕВО со Мостар 30.12-02.01.2027 l 2НП - 129€ (29)

САРАЕВО И МОСТАР НОВА 2027 ГОДИНА

ТЕРМИН: 30.12.2026 – 02.01.2027

Мешавина од култури и религии, спој од минатото и сегашноста е тоа што го прави Сараево посебен. На оваа програма ќе ги видите најбитните места што треба да се посетат во Босна и Херцеговина, во продолжение програмата...

РЕДОВНА ЦЕНА: 159 € / 9.860 мкд

ПРОМО ЦЕНА: 129 € / 8.000 мкд


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:


-Автобуски превоз (Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово)
-2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Сараево
-Разглед на Сараево со водич
-Посета на Андриќград и Вишеград
-Туристички придружник за време на целото патување

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:


-Пакет Неретва (Коњиц, Јабланица и Мостар) – 70 евра (се плаќа во автобус).
-Посета на Босански пирамиди – 25 евра (се плаќа во автобус)
-Туристичка такса – 5 евра за 2 ноќевања по лице (се плаќа во автобус)
-Крстарење по Дрина – 10 евра од лице


ПРВ ДЕН 30.12.2026 (СРЕДА) СКОПЈЕ – САРАЕВО

Состанок на групата во 21:30 часот пред хотел Русија. Поаѓање за Сараево во 22:00 часот. Ноќно возење преку Србија.

 

ВТОР ДЕН 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК) САРАЕВО

Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич. Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австроунгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австроунгарските градби и Југословенски дел. Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.

Разгледот ни започнува кај Vijećnica, најрепрезентативната зграда во Сараево која се наоѓа покрај реката Miljacka. Продолжуваме кон Башчаршија, симболот на градот каде ќе имате можност да ги вкусите сараевските „Ćevapi kod Želje“ и сараевскиот бурек. Ќе ја видите џамијата Гази Хусрев-бег или позната како Беговата џамија која е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување. Сместена во срцето на Башчаршија, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет. Оваа џамија заедно со Саат-кулата е застапена во многу филмови, пред сè во филмови од документарен карактер, а најпознатиот филм е „Валтер го брани Сараево“, ќе дојдете до точката каде се спојуваат културите на Истокот и Западот, местото каде е формирана EX YU групата INDEXI, ќе го видите хотел Европа кој е најстариот хотел во Сараево каде престојувал Тито и „Vječna Vatra“. Вечниот оган е споменик на воените и цивилните жртви од Втората светска војна во Сараево. Споменикот е изграден на 6 април 1946 година, на првата годишнина од ослободувањето на Сараево од германската окупација. За време на опсадата на Сараево пламенот на споменикот бил изгаснат бидејќи во градот немало гориво. На крај на разгледот ќе го видите местото каде е убиен Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип на 28 јуни 1914 година и со ова убиство започнува почетокот на Првата светска војна и Латински мост кој е еден од најстарите мостови во главниот град. По разгледот следува слободно време за индивидуален разглед. Препорачуваме да ја посетите најстарата пивница во градот „PIVNICA HS“ која е од 1864 година. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН 01.01.2027 (ПЕТОК)  КОЊИЦ, ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) ИЗВОРОТ И МОСТАР

Појадок во хотел. Бидете спремни за еден долг и прекрасен ден