БУДВА со ДУБРОВНИК 30.12-02.01.2027 | 2НП-109€ (29)

БУДВА И ДУБРОВНИК НОВА ГОДИНА 2027

Термин: 30.12.2026 – 03.01.2027 

Црна Гора и Будва стануваат сè попопуларни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранскиот брег, средновековниот дух и мирисот на Јадранското Море се само дел од убавините со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и прекрасните плажи, Будва ќе ве однесе и на незаборавно патување низ историјата. Таа е една од најстарите населби на Јадранското Море, со историја долга повеќе од 2.500 години. Стариот град е сместен на мало полуострово, опкружено со прекрасниот јадрански брег и црногорските планини. Будва за Нова Година е особено популарна поради настапите на познати балкански изведувачи и богатата празнична програма на плоштадот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 € / 9.238 ден.

ПРОМО ЦЕНА: 109 € / 6.758 ден.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-Автобуски превоз
-2 ноќевања во приватни вили
-Пратител на групата за времетраење на аранжманот
-Организирана прошетка во Будва
-Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
-Туристичка такса 5 € по лице за сместувањето (се плаќа во автобус)
-Факултативна посета на Котор и Тиват – 40 €
-Факултативна посета на Дубровник – 45 €
-Индивидуални трошоци


ПРОГРАМА


ПРВ ДЕН 30.12.2026 (СРЕДА)  СКОПЈЕ – БУДВА

Состанок на групата во 22:00 часот. Поаѓање за Црна Гора во 22:30 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

ВТОР ДЕН 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК)  БУДВА

Пристигнување во Будва во утринските часови и разгледување на градот. Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта  дочек на Нова Година на плоштадот пред Стариот град. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН  01.01.2027 (ПЕТОК) БУДВА – ДУБРОВНИК

Можност за факултативна посета на Дубровник, кој претставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, градот ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од XV и XVI век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед кон островот Локрум и прекрасното Јадранско Море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Можност за повторно заминување кон центарот на градот. Ноќевање.

 

ПОСЛЕДЕН ДЕН  02.01.2027 (САБОТА)  БУДВА – ТИВАТ – КОТОР – МАКЕДОНИЈА

Напуштање на собите. Заминување на факултативна екскурзија. Првото место што се посетува е Тиват, еден од најмладите градови во Бока Которска. Градот е релативно мал и неговиот живот е сконцентриран околу центарот и крајбрежјето. Главното шеталиште, богато со палми, е исполнето со ресторани и кафулиња, а прекрасните јахти му даваат луксузен изглед и го прават особено атрактивен за туристите. Тиват е привлечен и во зима и во лето, благодарение на пријатната медитеранска клима. Тој е модерен медитерански град, ориентиран кон развојот на туризмот, кој од година во година привлекува сè поголем број посетители. Слободно време за индивидуална прошетка. Екскурзијата продолжува кон Котор, каде што следува разгледување на градот со локален водич. Котор претставува вистински лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и плоштади. Низ историјата со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австроунгарците и Венецијанците. Зад себе оставиле богато културно и архитектонско наследство, меѓу кое се издвојуваат ренесансните палати, барокните кули и катедралата „Св. Трифун“, која е повеќе од три века постара од откривањето на Америка. Богатството од културно-историски споменици е една од причините поради кои Котор е дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да ги видите Поморскиот музеј, катедралата „Св. Трифун“, црквата „Св. Лука“, Столбот на срамот и црквата „Св. Никола“. По разгледувањето следува слободно време за ручек. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови. Патниците кои нема да учествуваат на факултативниот излет имаат слободно време во Будва. Во договореното време и место се собираат со групата, по што следува поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје по полноќ, на 03.01.2027 година (недела).

 

СОЛО ПАТНИК

Сами сте, сакате да патувате, а не сакате да доплаќате за еднокреветна соба? Нашиот STAFF го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ви нудиме можност да ве споиме со друг соло патник. Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста која исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги поврземе соло патниците, да ви овозможиме да избегнете доплата за еднокреветна соба и истовремено да запознаете нова личност, а можеби и да создадете ново пријателство. Доколку, сепак, сакате да бидете сами во соба, се доплаќа за еднокреветна соба.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

-За еднокреветна соба се доплаќа 50% од цената.
-Деца до 2,99 години, во придружба на две возрасни лица, плаќаат само превоз во износ од 50 € (не користат посебно легло).
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат полна сума за аранжманот (попуст добиваат само на факултативните излети).

НАПОМЕНИ:

-За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
-Дали превозот ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош. Целосната доплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓањето.
-Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
-Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнувањето.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку ultra first minute или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од веќе објавените во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовниот ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Организаторот ќе го смести патникот, согласно расположливите можности во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија, без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови.