ДЕКЕМВРИ
ПРАГА (Карлови Вари - Кутна Хора) 13.12 - 16.12.2026 | 409€
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град или град на стотина кули, претставува магичен град на мостови, катедрали, позлатени кули и црковни куполи. Лежи на реката Влтава. Поседува најдобро сочувано средновековно градско јадро во Европа, како и атрибути на еден од најмодерните европски градови.
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два саати пред време за лет. Полетување за Прага во 05:45 ч. Слетување во 07:50 ч. Поаѓање за Кутна Хора. Патувањето трае околу 1 час во еден правец. Слободно време за прошетки. Организиран трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: Hradčany, Loreto
Church, Prague Castle, Базиликата (однадвор), Националната галерија,
Катедралата „Свети Вид“, Базиликата „Свети Ѓорѓи“, Кралската палата и
Златната уличка. Разгледувањето продолжува со посета на областа
Вишеград – тврдината со црквите и Националниот музеј (однадвор),
Новиот градски плоштад и Карловиот мост. Враќање во хотел.
3 ден
Појадок. Организирана посета на Карлови Вари со автобус. Патувањето трае околу 1 час и половина. Прошетка низ Карлови Вари со слободно време за индивидуални разгледувања. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободно предпладне. Трансфер до аеродром. Поаѓање од Прага во 08:55 ч. Слетување во Скопје во 10:55 ч.
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авио-билет на релација Скопје–Прага–Скопје со Wizz Air
( седиштата во авион се чекираат по случаен избор ) - Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40 × 30 × 20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3★
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи според програмата
- Организација на патувањето и придружник од агенцијата за целиот престој во Прага
- Туристичка такса
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Сѐ што не е наведено во програмата
- Влезници за во објектите и културно-историски споменици
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенцискиот претставник
Напомена:
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
4. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Општи услови за европски дестинации со WizzAir:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 170 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на организаторот
