• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

FLORAL STUDIOS 2 (17)

Тасос е најсеверниот остров на Егејскиот архипелаг. Заради бујната вегетација, честопати го нарекуваат „Зелениот Остров“ или „Смарагниот Остров“. До него се пристигнува по убав автопат од Солун преку Кавала до Керамоти, од каде со фериброд  се преминува на островот. Пловидбата трае околу 40 минути, а на тој пат ќе ве следат јато галеби кои можете да ги фотографирате додека се насладуваат од вашата дланка. Тасос е карактеристичен и по пријатната клима во воздухот кој никогаш не е презаситен со влага ниту пак со тропски температури a четинарската шума го заштитува од ветрови. Потос се наоѓа на самиот југ од островот и има преубава песочна плажа која се наоѓа во самиот центар на градот. Местото изобилува со маркети, таверни, сувенирници, аптека и најразлични содржини за туристите. Тоа е нашата нова дестинација за ова лето.

Доколку  за време на вашиот летен одмор сместувањето Ви е подеднакво значајно колку и убавата плажа и чистото море, тогаш сосема сме убедени дека вилата „Floral Studios-2” во целост ќе ги задоволи вашите очекувања. Вилата се наоѓа во строгиот центар на Потос, на само 100 метри од преубавата плажа. Има шест студија и еден апартман. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата имаат сопствени купатила и тераси  а сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. На последниот спрат од вилата има пространа тераса со преубав поглед на море која им е на располагање на сите гости во вилата.

 

-10% попуст за целосна уплата до 31. јануари 2023

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман без вклучен превоз

Вила “Floral Studios-2” – Потос (Тасос)

Термин:

Ноќи: 

1/2 студио

1/2 +1 студио

 

1/3 студио

 

1/3+1 студио

1/4 апартман

(дуплекс)

28.05-04.06.2023

7

200 (12.400) 

230 (14.260) 

250 € (15.500) 

270 (16.740) 

330  € (20.460) 

04.06-14.06.2023

10

300 (18.600) 

330 (20.460) 

370 € (22.940) 

400 (24.800)

500  € (31.000)

14.06-24.06.2023

10

400 (24.800)

430 (26.660)

470 (29.140)

500 (31.000)

600  € (37.200)

24.06-04.07.2023

10

500 (31.000)

530 (32.860)

570 € (35.340)

600 (37.200)

700  € (43.400)

04.07-14.07.2023

10

550 (34.100)

580 (35.960)

620 € (38.440)

650 (40.300)

800  € (49.600)

14.07-24.07.2023

10

550 (34.100)

580 (35.960)

620 (38.440)

650 (40.300)

800  € (49.600)

24.07-03.08.2023

10

550 (34.100)

580 (35.960)

620 (38.440)

650 € (40.300)

800  € (49.600)

03.08-13.08.2023

10

550 (34.100)

580 (35.960)

620 (38.440)

650 (40.300)

800  € (49.600)

13.08-23.08.2023

10

550 (34.100)

580 (35.960)

620 (38.440)

650 € (40.300)

800  € (49.600)

23.08-02.09.2023

10

500 (31.000)

530 (32.860)

570 (35.340)

600 (37.200)

750   (46.500)

02.09-09.09.2023

7

320 (19.840)

350 (21.700)

380 (23.560)

400 (24.800)

500   (31.000)

09.09-16.09.2023

7

280 (17.360)

310 (19.220)

350 (21.700)

380 (23.560)

450   (27.900)

16.09-23.09.2023

7

250 (15.500)

280 (17.360)

320 (19.840)

350 (21.700)

400   (24.800)

23.09-30.09.2023

7

200 (12.400)

230 (14.260)

270 (16.740)

300 (18.600)

350   (21.700)

 

Студио бр.1 (втор спрат)

Двокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Купатилото е со нормална големина. Терасата е заштитена со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед кон улицата. Во студиотоможат да се сместат две возрасни лица.

 

Студио бр.2 (прв спрат)

Двокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Купатилото е со нормална големина. Терасата е заштитена со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед кон улицата. Во студиотоможат да се сместат две возрасни лица.

 

Студио бр.3 (прв спрат)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет кој се извлекува од дуплиот. Студиото е опремено со мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Купатилото е со нормална големина. Терасата е заштитена со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата. Во студиотоможат да се сместат три лица-двајца возрасни и дете до 12 години.

 

Студио бр.4 (прв спрат)

Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет со стандардна големина. Студиото е опремено со мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Елементите од кујната се сместени на терасата и тие се целосно издвоени од собата (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Терасата е заштитена со тенда и е опремена со маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина. Во студиотоможат да се сместат три возрасни лица.

 

Студио бр.5 (прв спрат)

Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет со стандардна големина. Студиото е опремено со мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Купатилото е со нормална големина. Терасата е заштитена со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата. Во студиотоможат да се сместат три возрасни лица.

 

Студио бр.6 (втор спрат)

Трокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет, еден единечен кревет и уште еден единечен кој се извлекува од него. Студиото е опремено со мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија има издвоен простор во кој се сместени елементите од кујната (електрично решо, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Терасата е заштитена со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата. Во студиотоможат да се сместат три возрасни лица и едно бебе или две возрасни лица и две деца до 15 години.

 

Апартман бр.7 (втор спрат-море)

Четирикреветен дуплекс апартман на втор спрат. Апартманот има две сосема издвоени спални соби со посебни врати во кои има по еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Од секоја соба се излегува на заедничката пространа тераса каде се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Терасата е заштитена со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед на море. Купатилото е со нормална големина. Во апартманот можат да се сместат четири возрасни лица.

 

НАПОМЕНИ:

- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа на лице место кај сопственикот на вилата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари