ХОТЕЛСКИ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ
СКИЈАТОС HOTEL ESPEROS (74)
Со поглед на живописниот залив Трулос, хотелот Есперос нуди одлични студиа со балкони за одлична рекалсација. На само 500 метри од прекрасна празна песочна плажа „FLUVIA“ опколена со борова шума и заведена од шумовите на брановите на чистото море, Есперос е иделално место за оние коишто бараат мирен одмор. Студиата во хотел Есперос располагаат со мину кујна која има фрижидер, посебно купатило со тоалет, телевизор и клима и балкони коишто имаат поглед кон борова шума, а дел од нив и кон морето. Сите соби располагаат со клима уред и телевизор. Гостите во Есперос може да приготвуваат свои оброци или да нарачат ужина од барот и да уживаат на балконот или во дворот на хотелот. Непосредно пред самиот хотел се наоѓаат и ресторани со традиционална храна и продавници. Хотелот се наоѓа до автобуска станица која може да се крористи за посета на Кукунариес или Банана Бич. А исто така може да се посети и градот Скијатос.
На само 9 минути пеш од хотелот, се наоѓа една од најпознатите плажи „Трулос“ која дефинитивно ќе биде вашиот вистински избор каде би го поминале одморот на Скијатос.
Есперос располага и со паркинг простор за патниците коишто ќе патуваат со сопствен превоз, а кој е бесплатен. Исто така, бесплатен е и безжичниот интернет. Од пристаниште до хотелот е обезбеден транспорт.