- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
Будимпешта - Божиќен базар (22)
Состанок со групата во Скопјe. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. После појадокот се упатуваме на прошетка до живописното гратче Сент Андреа (факултативно), во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање назад во Будимпешта. Вечерта факултативна вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.
Појадок.Посета на шопинг центар Арена. Слободно време за индивидуални активности. По договор со представникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.
Цена : 129 еур
Во цената на аранжманотe вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
- Сместување во хоте 3*, во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок;
- Професионален туристички придружник од агенцијата;
- Организација и реализација на аранжманот.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 евра;
- Крстарење со брод по Дунав - 20 евра;
- Посета на Сент Андреа - 20 евра:
- Факултативна вечера во национален ресторан (40 еур)
- Влезници за музеите и културно - историските споменици;
- Задолжително патничко - здравствено осигурување;
- Доплата за еднокреветна соба.
Општи напомени:
- · Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;
- · Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- · Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- · За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
- · За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- · Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- · Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- · Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- · За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- · Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- · Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.