VILA PARLAMENTAS (18)

Неа Плагија, идеално место за фамилијарен одмор и содржини за најмалите.Ова туристичко место има долга песочна плажа,чисто море, чист воздух и долга пешачка зона спојувајќи се со Неа Флогита. Таверни со свежа и вкусна риба,сувенирници,слаткарници е карактеристиката на идиличната Неа Плагија.
Вила ПАРЛАМЕНТАС е на оддалеченост од 200 метри од море .Во склоп на апартманот имате двор,скара и паркинг.

ЦЕНОВНИК 2026

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05;24.05;31.05;07.06;06.09;13.09 и 20.09.2026)

ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ

И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН  ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕ НА: ПАРКИНГ ,КЛИМА УРЕД , WI – FI   ( БЕСПЛАТНО)

Во апартман дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со
претходно одобрување и “доплата” од 10 евра од ноќ,може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.
 

-За пакет аранжманот во АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто и петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

Стандард Апартман
 

Апартманот-стандард 1/2 +1/2+1 се наоѓа на приземје.Располага со две простории+купатило со вц,сопствено дворче со маса и столици.Можат да се сместат максимално 4 возрасни лица +1 дете до 12 години.

Првата спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта и тв.

Втората спална соба има два кревети на спрат ,+ дополнителен кревет за дете до 12 год. кујна опремена со кујнски инвентар и плакар за алишта, клима уред.И од двете простории се излегува на сопствено дворче.