• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

БУДВА-ДУБРОВНИК-ХЕРЦЕГ НОВИ-ИГАЛО-ЦЕТИЊЕ-ОСТРОГ-ТИРАНА (5)

03.03.23 Поаѓање во 00.15 чaсот со автобус, преку Албанија за Будва. Пристигнување во Црна Гора во утринските часови,се поминува покрај Улцињ,Бар,Суто Море,Бечичи,Св.Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места,  а потоа пристигнување во Будва и прошетка во стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија,зидините на Стариот град,пристаништето со јахти…Сместување во соби со засебно твц,студиа и апартмани.Слободно попладне за индивидуални прошетки.Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

04.03.23 Факултативен целодневен излет до Дубровник, преку Тиват со брод – траект. Пристигнување во Дубровник и кратко разгледување на  стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св. Влах, Дубровачката катедрала…Враќање за Будва со попатна посета на Херцег Нови и Игало,каде се одржува Фестивалот на Мимозите-(на 4.3. е завршна Карневалска поворка,со музичка програма),во чест на цвеќето Мимоза.Вракање во Будва. Ноќевање.                                                                                                               

05.03.23 Целодневен излет до Цетиње – старата престолнина на Црна Гора, со Цетинскиот манастир – симболот на Црногорската духовност, во кој се најдуваат моштите на св. Јован Крстител, палатата на Крал Никола, Плавата палата..Потоа се продолжува за Манастирот св. Василие Острошки, сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и  манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Острошки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир.Заминување за Македонија преку Скадарското езеро и Албанија, со попатна посета на трговскиот шопинг центар ТЕГ во Тирана.Продолжување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

06.03.23 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.


ЦЕНА: 4600 ден. промо цена за резервации до 10.02.2023, редовна цена 4900ден.


Во цената е вклучено:                                                                                                                                                      

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања во соби,студија и апартмани во Будва
  • целодневен излет до Цетиње и Острошкиот манастир
  • организација и придружник на патувањето.      

 

Во цената не е вклучено:                                                                                                                                                

  • патничко здравствено осигурување – без франшиза (150 денари)
  • целодневен излет до Дубровник ,Игало и Херцег Нови (20 евра)
  • свечена вечера со музика ( евра)
  • влезници за културно историските споменици,
  • превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – повратна (2 – 3 евра)   

 

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Краен рок на пријавување до 24.02.2023 година