Hotel Philoxenia Inn - 10 nokjevanja (17,53)
Опис: Хотелот располага со базен и е опкружен со прекрасна градина. Во нашата понуда имаме двокреветни и трокреветни студија кои се наоѓаат во дворот десно од базенот во спуштено приземје. Во непосредна близина на хотелот има јавен, бесплатен паркинг. Секое студио е опремено со кујна, бања/тоалет, фен, крпи, тераса, WiFi интернет, ТВ и клима (се доплаќа на лице место, 5 € на ден) и сеф (се доплаќа на лице место 2 евра од ден). Студијата се чистат секој ден.
Постои можност за доплата за појадок на лице место (7 € на ден).
- 10% попуст за резервации до 29.02.2024
- Наведените попусти се однесуваат на цената во табелата
- Туристичката такса не е вклучена во цената и се плаќа на лице место во објектот
- Цената на аранжманот е изразена во евра по лице без вклучен превоз
- Плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62
Локација: Хотел Philoxenia Inn се наоѓа во Лименас, спроти археолошкиот музеј, на околу 100 метри од старото пристаниште и околу 200 метри од градската плажа.
40.77948027022582, 24.711662213491813