• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

БУКУРЕШТ ДРАКУЛА ТУРА (Трансилванија – Романија) / 2НП (5)

09.03.2023 Поаѓање за Букурешт во 19 ч со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.

10.03.2023  Пристигнување во Букурешт во утринските  часови, кој често го нарекуваат „Мал Париз„. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта,архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј,едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот -од 1936г. Сместување во хотел. Ноќевање.                                                                                                                            

11.03.23 Појадок. Факултативен целодневен излет за Синаја – монденското одморалиште  во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување  и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, слободно време за прошетка низ центарот на градот:Стариот градски плоштад, Црната црква,прекрасни градби како од Средниот век,кафе барови… Враќање во Букурешт. Ноќевање.                                                                                                                   

12.03.23 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на трг.шопинг центар; Факултативно,можност за посета на еден од најголемите велнес центри (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 грејани базени.Попладнето поаѓање за  Македонија,ноќно возење со попатни паузи.

13.03.23  Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.                     

 

ЦЕНА: 6900 ден. промо цена за резервации до 10.02.2023, редовна цена  7900 ден.

                                                                          

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3* на база 2 ноќ/појадок
  • разгледување на Букурешт со водич
  • лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • задолжително здравствено патничко осигурување  – 150 денари.
  • целодневен излет до Синаја-дворецот  Пелеш, Замокот  Бран и Брашов = 20 евра
  • доплата за влезници за наведените културни историски споменици (на лице место+-20е)
  • Факултативна посета на велнес центар-Терме –превоз 5еур +влезница на лице место

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.
Напомена: Рок на пријавување до 25.02.2023година.