- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
ИСТАНБУЛ 3НП (74)
Турата стартува околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи,царински формалности,презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање,во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус с нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.
Втор ден(30.12.2022) Петок
Пристигнување на групта во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.
Check in во хотелот е после 14:00 часот
По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата.
во попладневните часови во договорено време кое ви го кажува водичот се уплатувате кон факултативите излети кои се предвидени за овој ден.
Облакодерот “Сафир”-Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул.Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата и каде што има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед.Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон Европската и Азиската страна од градот.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијата од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул.
Таксим Плоштадот-Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
Трет ден (31.12.2022)Сабота
Сабота денот ни започнува со појадок во хотелот, а потоа се уптуваме кон Балат и Галата Порт.
Балат-Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.
После Галата порт се враќаме назад во хотелот за да се подготвиме за најлудата веќер и најубавиот дочек на брод.Организиран транспорт до Босфор со нашите автобуси за сите журкаџии. За време на нашиот транспорт до бродот кој трае магични 20 минути, ние ви подговуваме едно кратко изненадување за секој автобус, а со ова го најавуваме големиот старт на нашата прва новогодишна журка!
Дочек на Нова Година. Враќање во хотел. Ноќевање
Четврти ден (01.01.2023) Недела
Недела ни започнува со Late breakfast.
По појадокот, денот ни е резервиранза следните факултативни излети:
Крстарење по Босфор-2 часа крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Emaar Square Mall Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители.
WaterGarden Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање
Петти ден (02.01.2023) Понеделник
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“тука можете да си земете нешто и за дома локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.
Од историја, култура,животен стил па се до шопинг.
Кој не би сакал шопинг?
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.
По шопингот,поаѓање кон Македонија.
Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.
149 EUR
129 EUR
Факултативни излети
Oблакодер Сафир и Таксим Плоштад 35е
Оваа факултатива се купува како пакет,а во неа се вклучени облакодерот Сафир со вклучена 7D проекција и посета на Таксим.
Балат и Галата Порт20е
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Се посетува Железната црква,каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.
Крстарење по Босфор,Ускудар,Emmar Square Mall,Watergarden 60е
Крстарење по Босфор-2 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин.На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.
Паноирамски разглед-Откако ке се симнеме од бродот имаме панорамски разглед на азискиод дел на Истанбул, а вие ќе уживате додека локалните водичи ќе ви раскажуваат за познатите легенди за Моминската Кула,Михримах Џамијата, легендите за трите моста кои ги поврзуваат Европа и Азија и уште многу други знаменитости.
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Имате можност да седнете во рестораните покрај Босфор и да уживате во прекрасниот поглед.
Сепектакуларниот дочека на Нова година ке биде организиран на приватен брод каде што ќе бидаат патници само од организација на агенцијата.Целосна наша организација со Dj,бенд, караоке,наградни игри како и секоја годинта, огномети и уште многу други изненадувања.
-4 пијачки (алкохолни/безалкохолни)
-трансфер од хотелот до бродот и назад
-4 часа незаборавна забава на брод
-шведска маса
Новогодишен Пакет 135е
-Облакодер Сафир
-Таксим плоштад
-Балат
-Галата Порт
-Крстарење по Босфор
-Ускудар
-Emmar Square Mall
-Watergarden
-Дочек на Нова Година на брод