• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Виена - 2НП (23)

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Tермин:08 Март

 

1 ден  08.03.2023Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 10.30 ч. и поаѓање за Виена во 11:00ч. Дневно и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

 

2 ден  09.03.2023 шопинг центар Parndorf -  Виена

Планирано пристигнување во претпладневните часови во  eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај  Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 10.03.2023Шенбрун – Дунавска Кула

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед -  360о на градот).Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.

 

4 ден  11.03.2023 Виенски шуми

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден  12.03.2023Скопје

Планирано пристигнување во Скопје во пладневните  часови( во зависност од граничните премини).

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.01.2023: 159€ / 9.860 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 €/ 11.100 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата
  • Посета на шопинг центар Parndorf

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 15
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 50
  • Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 40€ - мин. 30 лица за реализација
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич - 50€ - мин. 25 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25
  • Патничко осигурување – 150 ден (за лица до 60 год)
  • Туристичка такса 2€ по лице на ден
  • Доплата за еднокреветна соба 3 600 ден

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Доплата за седиште по избор 10
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.