• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA KLEON (67)

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.

Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
 

 

Вила КЛЕОН е нова вила и се наоѓа на само 100 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 100 метри  од центарот на Ксамил. Pасполага со двокреветни со дополнително легло, трокреветни соби и трокреветни соби со дополнително легло на приземје, со комплетно опремена сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.


15% попуст за резервација и целосна уплата до 28.02.2023
10% попуст за резервација и целосна уплата до 31.03.2023
5% попуст за резервација и целосна уплата до 30.05.2023


ВИЛА КЛЕОН 2023 Климата е вклучена во цената***
Термин  Ноќевања 1/2 студио 1/3 студио
02.06 - 09.06  7 159 179
09.06 - 16.06  7 179 199
16.06 - 23.06  7 209 229
23.06 - 30.06  7 229 249
30.06 - 07.07  7 289 309
07.07 - 14.07  7 329 349
14.07 - 21.07  7 349 369
21.07 - 28.07  7 349 369
28.07 - 04.08  7 349 369
04.08 - 11.08  7 349 369
11.08 - 18.08  7 349 369
18.08 - 25.08  7 339 359
25.08 - 01.09 7 289 309
01.09 - 08.09 7 199 219
08.09 - 15.09 7 189 209

Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

Напомени:

  • ДОПЛАТА ЗА + 1 ДОПОЛНИТЕЛНО КРЕВЕТЧЕ ЗА ДЕТЕ ДО 15 ГОДИНИ Е 5 ЕВРА НА ДЕН!!!
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Попусти:

  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 

Опис на сместувањето:

  • 1/2 – Студио на приземје
    • Студиото е 18м2, има голем брачен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.
  • 1/3 – Студио на приземје
    • Студиото е 22м2, има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 4,99 години + 1 дете до 14,99 години на дополнителен кревет со доплата од 5 евра на ден.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

 

Превоз

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:

  • Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 55€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 65€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа Макпетрол кај кружен тек) – 55€ по лице
  • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:

  • Битола (Пред спортска Сала) – 55€  по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола – 55€
  • Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола - 65€ по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола - 65€ по лице
  • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:

Сатници на поаѓање:

  • 22:00 h Скопје (Дрводекор) – трансфер до Битола-ден претходно
  • 22:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола-ден претходно
  • 21:30 h Штип (Нова Пошта ) трансфер до Битола-ден претходно
  • 23.20 h Дреново ( бензиска пумпа) трансфер до Битола-ден претходно
  • 00:00 h Прилеп ( Бензиска пумпа Лук Оил На излезот за Скопје) трансфер до Битола
  • 01:00 h Битола  (Автобуска станица Транскоп – на перон)
  • 01.30 h Ресен ( спроти автобуска станица ) Ресен
  • 02:00 h Охрид (бензиска Пумпа Лук Оил на излезот кон Битола)
  • 02.20 h Струга (на кружниот тек на влезот)

Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или доколку настане промена на цената на горивото


Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?

  • Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!
  • Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
  • Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
  • Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
  • Посетете ја плажата "Pema e Тhate", една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил
  • Посетете го "Syri & Kalter" (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.