• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Sunshine House-10/9 ноќи-сопствен превоз (53)

Sunshine е потполно нова куќа. Првите гости ќе ги прими во јули 2021. Изнимно комфорно и модерно сместување, во новиот дел на Сарти, на само 40 m од морето. Во понуда се студија за две до четири лица на високо приземје, како и студија со галерија за две до четири лица. Студија со галерија на долното ниво имаат два единечни кревета кои можат да се спојат (но не се на иста височина) или разделат. На галерија се наоѓа француски кревет. На двете нивоа има клима уред и телевизор со сателитска ТВ. Користење на клима уреди е вклучено во цената. Куќата е покриена со бежичен интернет. Замена на пешкирите и постелнината, како и чистење на собите е на секој три дена.

 
 

 
УСЛОВИ

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1еур=62ден

За резервација без попуст потребна е уплата од 40% со резервација, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 30 дена пред поаѓање.

Такса за престој, во висина од 0,5 евро по сместувачка единица на ден се плаќа на лице место пред влегување во објектот.

 

*ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.01.2022 НАМЕСТО ПОПУСТ МОЖНА Е ЗАМЕНА ЗА ГРАТИС ОДМОР ИЛИ ОДМОР СО 50% ПОПУСТ ОД 10. – 20. МАЈ!

За комплетна уплата со резервација, постои можност за замена на попустот за сместување во терминот од 10. – 20.05.2022, и тоа:

– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 20.05. – 12.06. и 28.08. – 24.09., се одобрува попуст од 50% на цената на наемот за избраното сместување

– за комплетна уплата со резервација за престој во термините со почеток од 13.06. – 27.08., се одобрува ГРАТИС сместување за соодветниот број на лица, во периодот од 10. – 20.05., во објект по избор на организаторот. Објектот се одредува 7 – 10 дена пред почетокот на патувањето.

 

Политика на откажување на резервацијата од страна на патникот:

До 45 дена пред поаѓање – административни трошоци во висина од 5%

44 – 30 дена пред поаѓање 10%

29 – 20 дена пред поаѓање 20%

19 – 15 дена пред поаѓање 40%

14 – 10 дена пред поаѓање 80%

9 – 6 дена пред поаѓање 90

5 – 0 дена пред поаѓање или во текот на престој 100%

Промена на датумот на патување, сместувачката единица или објектот ќе се смета како откажување од патување.