• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БАРСЕЛОНА (15)

Каталонската престолнина


Барселона – космополитски главен град на Каталонија, град на брегот на Средоземното море.  Прошетајте по улиците на градот во кој Гауди остави личен печат, воодушевете се од неговите ремек дела, црквата Саграда фамилијаа и притоа ќе имате впечаток дека сте заталкале во бајка... Задлжителна е посета на парк Гуел од каде се нуди незаборавна глетка на Барселона.. Каса Батло, Ла Педрера, Газа Фуел.... Потоа по познатата улица Лас Рамблас до самиот крај каде ве пречекува статуата на Колумбо свртена кон морската шир... Да не се заборави и уживањето во шпанската кујна, тука се бројните ресторани, барови.. дискотеки и препуштете се на магијата на ноќниот живот во овој прекрасен град... 

 

ПРОГРАМА 

 

04 март   СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на Холидеј Инн во 09.30, поаѓање за Софија. Пристигнување на аеродром околу 17.00 часот. Полетување за Барселона во 19:05 часот. Пристигнување во Барселона во 21:10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање. 


05 март   БАРСЕЛОНА

Организиран панорамски разглед на градот: поаѓање од хотел во 09.30 часот - булеварот Дијагонал - главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија - централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, стоп пред стадионот Камп Ноу, можност за фотографиранје и пазарање од Фан Шопот на ФК Барселона (без влез), плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани... Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Ноќевање.


06 март    БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас + Герона)

Појадок. Факултативна посета на Фигерас со Герона поаѓање од хотел во 09.30 часот  – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат  неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar.... Ноќевање.


07 март    БАРСЕЛОНА

Појадок. Факултативно, посета  на Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на ШпанијаПрошетката продолжува кон паркот “Гуел” - ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Трансфер до аеродром, поаѓање околу 18.30 часот. полетување за Софија во 21:55 часот. Пристигнување во 01.55 часот по полноќ. Трансфер до Скопје, пристигнување во раните утрински часови.

 


ЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА ДО 15.01     499€  (30.940 ден)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    559€   (34.650 ден)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Софија-Барселона-Софија

- Аеродромски такси

- Трансфер Скопје - Софија - Скопје 

- Рачен багаж (1 торба со димензии 40х30х20см)

- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона

- Сместување во Хотел 3* во центарот на Барселона на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Барселона според програмата со вклучен трансфер

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Дополнителен багаж – чекиран куфер 10kg - 2.900 денари - цената е променлива како се наближува летот.

Туристичка такса 740 денари се плаќа во агенција 

Факултативни излети:

Посета на Парк Гуел, Шпанско село 70 евра (превоз и влезници)

Посета на Фигерас и Герона 80 евра –  ( целодневна екскурзија со превоз и влезница за Дали)

Фламинко шоу со пијалок 60 евра

Влезници за Камп Ноу 28 евра – се купува индивидуално на лице место

Влезница за Аквариум 25 евра - се купува индивидуално на лице место

Билети за јавен превоз

Доплата за еднокреветна соба 6.800 денари

 

НАПОМЕНИ:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.