Фиренца - Чинкве Тере 3НП (23)

Термин 20 Октомври

 ПИЗА - ЧИНКВЕ ТЕРЕ - СИЕНА - САН ЏИМИЊАНО - ФИРЕНЦА 

1 ден   20.10.2023 Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 09:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 10.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

 

2 ден   21.01.2023 Монтекатини – Пиза – Монтекатини

Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3ден  22.10.2023  Монтекатини- Cinque Terre- Монтекатини

Појадок.После појадкот заминување  на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Speziaод каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, ManarolaиRiomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia.Поаѓање за Монтекатини.Ноќевање.

4ден  23.10.2023  Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини

Појадок.После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини.Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

 

5 ден  24.10.2023 Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО,  Палатата Пити...Во вечерните  часoви  поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

 

6ден   25.10.2023 Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните  часови .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ зарезервации до 05.09.2023: 199€/ 12.340ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 229/ 14.200 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • Сместување во хотел 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
  • Вечерна посета на Пиза
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) - 50€
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер,  водич) - 50€
  • Задолжителна посета на Фиренца - 30€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини ( 3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  • Патничко здравствено осигурување(без франшиза)- 150 ден
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Доплата за избор на седиште 10€ по лице ( резервација исклучиво при уплата)
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.