АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
ТИВАТ I 2НП-179€ (1)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања
29.Декември (недела) СКОПЈЕ – ТИВАТ
Состанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 23:00ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
30.Декември (понеделник) ТИВАТ – КОТОР
Пристигнување во Котор во претпладневните часови, разглед на градот со локален водич и прошетка низ прекрасниот, стар град – Котор, катедралата на св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, поморскиот музеј, црквата Св.Никола.. Патувањто продолжува кон Тиват со организиран разглед на градот:, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс "Порто Монтенегро", Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренети и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечерта предновогодишна прослава на плоштад со Саша Ковачевиќ. Ноќевање.
31.Декември (вторник) ТИВАТ – ДУБРОВНИК
Појадок. По појадок факултативен целодневен излет до Дубровник . Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала... Враќање во Тиват. Дочек на Новата Година со Здравко Чолиќ. Ноќевање.
01.Јануари (среда) TИВАТ – МАНАСТИР ОСТРОГ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на манастирот Острог кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, датирајќи од XVII век и основан од Василиј Острошки. Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 179 € (11.098,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во хотел Magnolia Palace ****, 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи на Тиват и Котор со локален водич
- Организирана посета на манастирот Острог
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативен целодневен излет до Дубровник 20€
- Доплата за еднокреветна соба (информации во агенција)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко - здраствено осигурување
- Туристичка такса и осигурување 1,5€ по лице на ден (се наплатува на рецепција во хотел)
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.
- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.