• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Прага (Карлови Вари - Виена)- 2НП (23)

Термин 08Март


1 ден08.03.2023:  СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 09:30ч. Поаѓање на автобусот  10:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи

 2 ден  09.03.2023: ПРАГА:

Очекувано пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки.   Ноќевање.

3 ден10.03.2023: ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време.  Предлагаме  посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки... Ноќевање 

4 ден 11.03.2023: ПРАГА – ВИЕНА:

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5ден 12.03.2023 : СКОПЈЕ:

Очекувано пристигнување во Скопје во  пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.01.2023: 149 евра / 9.240 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 евра / 10.480 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
  • Посета и разглед  на Виена
  • Организација и водство на програмата
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 150 мкд
  • Разглед на Прага со локален водич  (15€)
  • Факултативен излет Карлови Вари (35€)
  • Крстарење со брод по В лтава  (20€)
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (50€)
  • Туристичка такса 1 евро по лице на ден
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 3.500 ден

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
  • Доплата за седиште по избор 10€
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање