• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Атина-Пелопонез-Пиреа-Глифада-Сунион 2НП (5)

АТИНА – лулката на Западната цивилизација, најстара престолнина со преку 3400 години историја, моќен Антички град – држава.


02.03.23 Поаѓање во 22 ч преку Гевгелија, ноќно возење со попатни паузи.

03.03.23 Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

04.03.23 Појадок. Факултативен целодневен излет до Пелопонез со локален водич. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафплион – првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град  и гробницата на Кралот Агамемнон. Враќање во хотел. Вечерта факултативно вечера во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. Ноќевање.

05.03.23 Појадок.Факултативен излет до : Пиреа -најголемото пристаниште на Балканот – со нејзините Марини, каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет. Потоа се оди до Глифада – најпознато излетничко место на Атињани, со убави плажи и вили. Продолжување до најјужниот Р,т на Балканот – Сунион ,каде се најдува храмот на богот на морето –Посејдон (по Грчката митологија).Враѓање во Атина и патувањето продолжува за Македонија, покрај Камена Вурла,Термопили, Лариса, ноќно возење со попатни паузи.

06.03.2023 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови .

 

ЦЕНА: 6900 ден. промо цена за резервации до 10.02.2023, редовна цена 7900 ден.


Во цената е вклучено
:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување на база  2 НП во хотел со 3* во центарот на Атина(Омониа)
  • Разгледување на Атина со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на групата


Во цената не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување – без франшиза (150 денари)
  • Факултативен целодневен излет до Пелопонез (превоз и локален водич )- 25 евра
  • Факултативен излет до Пиреа,Глифада и Сунион (превоз и локален водич) -15 евра
  • Вечера во Таверна на Плака со богато мени и програма на грчки песни и игри. -30 евра
  • Влезници за локалитетите


За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници

Напомена: Рок на пријавување до 24.02.2023 година.