VILA KRISTI (34)

Кефалонија е најголем остров во Јонското море, сместено јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести и песочни. Тоа што со сигурност е загарантирано е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејсажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе Ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместен е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружен е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и пристаниште во кое доаѓаат туристи највеќе од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до Скала 12 км. Порос ги има скори сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, е тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Вила Кристи e сместена на некои 150 метри од градската плажа на Порос. Се наоѓа на некои 5 минути лагано одење до централниот дел на Порос каде можете да уживате во некои од рестораните и таверните. Сите соби се опремени со чајни кујни и фрижидер, тераса и WI FI конекција која е достапна во заедничките простории. Две двокреветни соби се на поткровје, доколку ги избирате таа соба добивате гратис клима за целиот период. За сите останати се доплаќа.

 

Дадените цени се по лице со превоз

Термини 1/2 1/2 поткровје 1/3 1/4 1/5 апп
07.07.-15.07.2025 распродадена распродадена распродадена распродадена распродадена
14.07-22.07.2025 299 289 распродадена 239 229
21.07.-29.07.2025 распродадена распродадена 259 239 229
28.07.-05.08.2025 распродадена распродадена 259 239 229
04.08.-12.08.2025 329 319 распродадена 239 229
11.08.-19.08.2025 299 289 249 229 219
18.08.-26.08.2025 289 279 распродадена распродадена 219
25.08.-02.09.2025 239 229 209 199 189
01.09.-09.09.2025 219 209 199 189 179
08.09.-06.09.2025 209 199 189 179 179

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-сместување за 7 ноќи/8дена
-превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Порос-Скопје

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-туристичка такса 2евра на ден
-патничко осигурување
-билет за брод на релација Келини-Порос-Келини (35евра с еплаќа во автобус)
-деца до 11.99г 50% од редовната цена
-факултативни излети (побарајте ги во агенција)

НАПОМЕНИ:

 

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
За сопствен превоз не се одзима од цената;
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;