ШПАНИЈА-АВИО

Коста дел Сол Лето 2024

(Малага, Марбела, Севиља, Кордоба)

 

Срцето на Шпанија, колевка на фламенкото, мавритансакта архитектура, регион на насмеани луѓе во кој и улиците танцуваат. Крајбрежје на сонцето, песочни плажи, пливање во Средоземното море, избор помеѓу големите и живи градови и поспаните рибарски селца. Обиколка на пулсирачките градови на Јужна Шпанија: драматично и магично крајбрежје со песочни и затскриени заливи, Малага на Пикасо и Антонио Бандерас, Гранада со црвената тврдина Алхамбра, Кордоба со големата џамија, белите села како Антекера, студентискиот Кадиз, местото на работ на британската територија Гибралтар – La Linea de la Concepcion, монденската Марбела, величествената престолнина на Андалузија – Севиља со модерната Валенсија. Патување кое од туристите ќе направи патници кои ќе ги разбијат предрасудите, кои ќе стават акцент на дружење и авантура…

 

Термин 1: 04.07 – 11.07.2024 (7 ноќи)

ПРОМО ЦЕНА: 799 € (49.540 денари)

Редовна цена по лице: 899 €

 

Термин 2: 01.08 – 08.08.2024 (7 ноќи)

ПРОМО ЦЕНА: 799 € (49.540 денари)

Редовна цена по лице: 899 €

 
Програма
01 ДЕН СКОПЈЕ - СОФИЈА – МАЛАГА  

Состанок на групата пред хотел Континентал во договорено време и поаѓање за Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија три часа пред летот кој полетува за Малага во 19:10 часот и слетува во 21:55 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување и ноќевање.

02 ДЕН МАЛАГА (Castillo de Gibralfaro, Alcazaba Málaga, El Teatro Romano, Catedral de Málaga)  

Појадок. После појадокот започнуваме со разгледот на најјужниот европски град кој се нарекува и „Престолнина на Коста дел Сол“. Овој град е родното место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, кој е една од најголемите икони на градот.
Прошетка ја започнуваме со посета на прекрасниот Замок Гибралфаро (Castillo de Gibralfaro) кој се наоѓа на висок рид со поглед кон градот и пристаништето Малага и кој датира од 10-ти век. Оттаму се упатуваме кон старата тврдина Алкасаба (Alcazaba Málaga), која е е дворско утврдување во Малага. Оваа палата е една од најдобро зачуваните алказаби во Шпанија. Поврзана е со ѕиден коридор со повисокиот замок Гибралфаро.
Во непосредна близина на влезот на Алказаба има остатоци од Римскиот театар (El Teatro Romano) кој е најстариот споменик во Малага. Театарот бил изграден во првиот век п.н.е., под царот Август, а бил користен до третиот век од нашата ера. Со текот на времето бил закопан под нечистотијата и урнатините и останал сокриен речиси пет века. Театарот бил повторно откриен во 1951 година.
После римскиот театар се посетува Катедралата во Малага (Catedral de Málaga), римокатоличка црква која е изградена во ренесансен архитектонски стил помеѓу 1528 и 1782 година, по плановите нацртани од Диего де Силое. Слободно време за оброк во еден од многубројните ресторани. После вечерата во доцните попладневни часови враќање назад во хотелот. Ноќевање.

03 ДЕН МАЛАГА – СЕВИЉА – МАЛАГА  

Појадок. После појадокот со воз се упатуваме кон Севиља патувајќи околу 2 часа. Севиља се смета за најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија и наречен е и “престолнината” на Андалузија.
Прошетката ја започнуваме со Алказар, официјално наречен Кралски Алказар од Севиља (Real Alcázar de Sevilla) кој е историска кралска палата во Севиља, Шпанија. Порано тука била лоцирана цитаделата на градот од исламската ера, во 10-тиот век. Горните катови на Алказар сеуште се користат од Кралското семејство на Шпанија кога ја посетуваат Севиља.
После Кралскиот Алказар се посетува величествената Севилска Катедрала (Catedral de Sevilla) која е римокатоличка катедрала во Севиља. Таа е една од најголемите готски цркви и катедрали во светот. Изградена на почетокот на 16-ти век, ја заменила Света Софија како најголема катедрала на глобално ниво, титула која се одржува повеќе од илјада години. Кулата Гиралда (La Giralda) е камбанаријата на катедралата и е една од најпознатите споменици на мавританската архитектура во Шпанија и еден од најпрефинетите примери на архитектурата Алмохад.
Оттаму се упатуваме кон населбата Санта Круз која е поранешниот еврејски кварт на Севиља. Овој кварт е лавиринт од тесни улички и пролази, каде што можете да талкате или да уживате во некој од многуте (туристички) ресторани или атрактивни плоштади. Кратка пауза за ручек во некој од локалните ресторани во стариот град. Во попладневните часови враќање назад кон Малага со воз. Пристигнување во хотелот и ноќевање.

04 ДЕН МАЛАГА  

Појадок. После појадокот слободен ден за одмор и релаксација на плажата во Малага. Можност за заедничка дружба во некој од beach баровите на најпозната плажа Малагуета (La Malagueta).

05 ДЕН МАЛАГА – КОРДОБА – МАЛАГА  

Појадок. После појадокот со воз се упатуваме кон Кордоба патувајќи околу 1 час. Овој град е познат како „осамениот град во срцето на Андалузија“. Се наоѓа на брегот на реката Гвадалкивир и се смета за водечки светски центар за образование и наука.
Посетата на Кордоба започнува со прошетка во историскиот центар на градот. Се посетуваат Стариот Римски мост и Џамијата Мескита (Mezquita - Catedral de Córdoba) која претставува симбол на градот и чудо на архитектурата и е дел од светското наследство на УНЕСКО од 1984 година.
Римскиот мост на Кордоба (Puente Romano de Córdoba) е мост во историскиот центар на градот, првично изграден на почетокот на 1-виот век п.н.е. Локално е познат и како Стар мост бидејќи две илјади години, до изградбата на мостот Сан Рафаел во средината на 20-тиот век, тој бил единствениот мост во градот кој поминувал преку реката.
Џамијата Мескита (Mezquita - Catedral de Córdoba) е катедрала на Римокатоличката епархија во Кордоба посветена на Успението на Пресвета Марија. Била изградена во 785 година по наредба на Абд ал-Рахман I, основач на Исламскиот емират Кордоба. Џамијата била претворена во катедрала во 1236 година кога Кордоба била заземена од христијанските сили на Кастиља за време на Реконкиста (освојувањето).
После посетата на Мескита слободно време за кратка пауза за оброк или кафе во еден од локалните ресторани. Во попладневните часови враќање назад со воз кон Малага. Пристигнување во хотел и ноќевање.

06 ДЕН МАЛАГА – МАРБЕЛА – МАЛАГА  

Појадок. После појадокот со автобус се упатуваме кон Марбела, познатото монденското летувалиште во регионот Коста дел Сол. Слободно претпладне на едни од најубавите плажи во Марбеља со можности за заедничка дружба.
Во попладневните часови прошетка во градот чии што стар дел е опколен со Маварски ѕидини и Плоштадот на портокалите, околу кој се наоѓаат интересни средновековни градби. После прошетката со автобус се враќаме во Малага. Пристигнување во хотелот и ноќевање.

07 ДЕН МАЛАГА

Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или за одмор и релаксација на плажата Малагуета.

08 ДЕН МАЛАГА – СОФИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот организиран трансфер од хотелот до аеродромот во Малага со пристигнување три часа пред летот. Полетување од Малага во 14:15 часот и слетување во Софија во 18:45 часот. Оттаму со организиран транфер патување кон Скопје и пристигнување во вечерните часови.

 

Факултативни излети:

  • Посета на Марбела со автобус
  • Посета на Севиља со воз
  • Посета на Кордоба со воз

 

**Влезниците за објектите се со доплата.

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

– Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

– Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

– Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

– Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

 

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

   
ВКЛУЧЕНО :
  • Трансфер Скопје – Софија – Скопје
  • Авио превоз Софија – Малага - Софија
  • Аеродромски такси – подложни на промена
  • Рачен багаж (40cmх30cmх20cm)
  • Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • 7 ноќевања во хотел во Малага на база ноќевање со појадок
  • Трошоци за организација на патувањето
  • НЕ Е ВКЛУЧЕНО :
  • Факултативни излети
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување
  •  Индивидуални трошоци на патниците