Солун е градот кој важи за еден од најубавите во цела Грција, а доказ за тоа е големиот број на прошетки кои ги прават нашите Македонци. Еден од најозборуваните градови во далечната историја кој во 20-тите години од минатиот век е целосно обновен. Голем број на улици, паркови, трговски центри, стари автентични куќи, сето ова прави Солун да е рамо до рамо со најпознатите светски метрополи. Минатото и сегашноста се судираат во градските таверни, ресторани, луксузни барови и клубови. Преполни улици и кафулиња, Солун е секогаш добра идеја, зарем не?
ВИКЕНД ПАТУВАЊА
ШОПИНГ ВО СОЛУН поаѓање од Скопје (65)
Програма
ЕДНОДНЕВНА ШОПИНГ ТУРА ВО СОЛУН
-
Состанок на групата во 03:15h. Поаѓање во 03:30h, од Дрводекор (спроти Holiday Inn). Се патува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Солун во утринските часови околу 09:00h локално време. Слободно време за шопинг и прошетка низ центарот на Солун.
Во 14:00h локално време поаѓање од центарот на Солун кон Икеа.
Од 15:00h локално време, слободно време за шопинг во Икеа и во Космос.
Во 18:00h локално време поаѓање за Македонија. Попатна пауза за посета на Free Shop – 30минути.
Пристигнување во Скопје околу 22:30 часот.
ЦЕНА: 1000 денари по лице
ТЕРМИН:
- 16.09.2023 (САБОТА)
- 23.09.2023 (САБОТА)
- 30.09.2023 (САБОТА)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на дадена релација
- Посета на центарот на Солун
- Посета на Cosmos и IKEA
- Туристички придружник на патувањето
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Од моментот на резервација до 3 дена пред тргнување патникот може само да направи промена на резервација односно да промени термин за истиот вид на патување (доколку има места)- За отказ или промена од 2 дена до пред тргнување агенцијата го задржува правото на задршка на 100% од аранжманот.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.