HOTEL MELBURN PARALIJA (58)

 

 

Паралиа е град кој живее цела година, а преку лето и 24 часа во денот. Крајно динамичен и содржаен, овој туристички град со години претставува главна туристичка атракција за многуте млади туристи, кои решаваат својот летен одмор да го поминат во регионот на Пиериа. Безброј хотели и објекти за сметување, ресторани и кафулиња, пицерии и продавници, супермаркети и бутици, ноќни клубови и дискотеки… се се’ што можат да посакаат и нај специфичните туристи од регионот и пошироко. Долгата плажа од преку три километри чист песок, која на југ се протега до Олимпик Бич, а на север до Коринос, е една од најубавите во Грција. Атрактивните содржини со бројните бич-барови, разните клубови и водените спортови, Паралија и нејзините плажи ја издвојуваат за атрактивна дестинација за летен одмор. 

ХОТЕЛ МЕЛБУРН 

Хотел Мелбурн се наоѓа на 250м од плажа. Располага со 1/4 апартмани кои се опремени со одвоена спална (со брачен кревет или два одвоени кревети) и кујна во која има дополнително има една или две софи кои се пуштаат и  тоалет.

На најгорниот кат хотелот има и ½ студија (без кујна) кои имаат сопствено купатило, клима, телевизор и фрижидер. Сите соби располагаат со ТВ, клима уред, Wi-Fi и тераса. Хотелот поседува и лифт.

 

-15% ПОПУСТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.03.2023


Цените се по лице (7 ноќевања со превоз), трето и четвтро лице гратис сместување во апартман!!!

СМЕНА ПЕРИОД 1/2 СТУДИО 1/4 АПП
1 20.05-27.05 65 ПРОМО 80 ПРОМО
2 27.05-03.06 75 ПРОМО 90 ПРОМО
3 03.06-10.06 100 130
4 10.06-17.06 110 140
5 17.06-24.06 120 160
6 24.06-01.07 130 170
7 01.07-08.07 140 180
8 08.07-15.07 150 190
9 15.07-22.07 150 200
СМЕНА ПЕРИОД 1/2 СТИДИО 1/4 АПП
10 22.07-29.07 160 210
11 29.07-05.08 160 210
12 05.08-12.08 160 210
13 12.08-19.08 150 200
14 19.08-26.08 140 190
15 26.08-02.09 130 180
16 02.09-09.09 110 160
17 09.09-16.09 90 ПРОМО 120 ПРОМО
18 16.09-23.09 80 ПРОМО 100 ПРОМО

 

* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 10 евра по лице. 

Доплата за превоз,

45 евра за возрасни

35 евра за деца до 12 години

–  Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

–  Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.

–  Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

–  Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

*Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.              

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

*Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

–  За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,

–  Промо цените се со пресметан попуст и не се одбива за патување со сопствен превоз,

–  Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.


НАПОМЕНА

  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  •  Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
  • При промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
  • За резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, целосна доплата до 01.04.2023
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.