• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ОСТРОГ - поаѓање од Кичево (47)

11 ОКТОМВРИ ЦРНА ГОРА

 

СУТОМОРЕ – БУДВА – КОТОР- ТИВАТ- ПЕРАСТ ЛИПСКА ПЕШТЕРА - ОСТРОГ – ПОДГОРИЦА

Период: 09.10-11.10.2020 - 4 дена /3 ноќевања и превоз 

 

09.10.2020 петок ( Скопје-Сутоморе) 

Состанок на групата во 14.00 часот од Борис Трајковски и поаѓање за Црна Гора. Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи. Пристигнување во Сутоморе во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

 

10.10.2020 сабота (Порто Монтенегро– Пераст - Рисан – Котор)

Слободно предпладне. Во 10.00 часот поаѓање за Тиват (факултативно) можност за прошетка и уживање во ново изградениот луксузен комплекс Порто Монтенегро.

Патувањето го продолжуваме со траект до Пераст.

Пераст е мал град кој се наоѓа помеѓи Рисанскиот и Бокакоторскиот залив. Пераст со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Низ историјата ова место многумина сакале да го освојат од Византиското царство па до австриијците и секој од нив оставил свој белег во градот. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви, а секако главна атракција е островот Госпа од Шкрпеља.

Продолжуваме кон Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови. Во Котор може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата Св.Никола.... попладне враќање во Сутоморе. Ноќевање.

 

11.10.2019 недела (Липска Пештера - Будва)

 Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на Липската пештера.  За прв пат во Македонија се организира посета на Липската Пештера. Турата започнува од паркингот пред пештерата што со воз ќе отидеме до влезот на пештерата. За време на возењето кое трае 7 минути патниците ќе може да уживаат  во прекрасниот поглед. Пред влезот на пештерата  не пречекува локален водич кој ќе не запознае со пештерата и сите приказни поврзани со местото на кое се наоѓа истата. Потоа следува прошетка низ пештерските ходници и дворови во должина од 600м во еден правец, на враќање не дочекува водичот и со вовчето повторно се враќаме до автобусот. Потоа Патувањето го продолжуваме кон Будва. Слободно време од околу 3 часа за прошетка и уживање во Стариот Град. Враќање во Сутоморе. Ноќевање.

 

12.10.2019 понеделник ( Острог-Подгорица)

Во 09.00 часот поаѓање за Острог. Разглед на манастирскиот комплекс кој датира од 17 век  и поклонување пред моштите на Св. Василие Острошки. Потоа продолжуваме кон Подгорица-главниот град на Црна Гора каде ќе го посетиме трговскиот центар Delta City во Подгорица. Слободне време во Подгорица. Во попладневните часови поаѓање за Скопје.  Се патува преку Албанија и Косово со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА 4,800 мкд

Аранжман 3600мкд + 1200мкд корона тест

Агенцијата има резервирано термин за тестирање време и место, доколку патникот сака ќе може и индивидуално да се тестира (минус 1200ден), а пред поаѓање на водичот мора да му приложи негативен резултат на IgM aнтитела. Доколку патникот добие позитивен тест за корона, парите за аранжманот се враќаат.

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

  • 3 ноќевања во Сутоморе
  • превоз со туристички автобус на наведената релација
  • посета на Острог, Подгорица, Сутоморе
  • пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • превоз од Долниот до Горниот Манастир во Острог (со комбиња од манастирот)
  • туристичка такса на Острог (1 евро по лице задолжителна доплата)
  • Посета на Липска Пештера (превоз и разглед со локален водич) и Будва= 20 евра
  • Посета на Порто Монтенегро,Котор ,Пераст =10 евра
  • влезници за културно-историските споменици
  • патничко осигурување
  • доплата за 1/1 соба 1750 ден
  • деца до 12 години плаќаат 3500 денари, деца до 5 години 2500 денари 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата. Може да се патува со лична карта во Црна Гора.  За реализација на факултативата потребени се минимум 25 патници.

 

Организиран транфер од следните градови: ОХРИД, КИЧЕВО, ГОСТИВАР,ТЕТОВО, СТРУМИЦА, РАДОВИШ, ШТИП, КУМАНОВО...

  

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 35 патници.

 

За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

Се патува со 75% исполнетост на автобусот.

За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките на водичот.